Папата Фрањо одреди една година мисионерски искуства за новите дипломати на Светиот Престол

Папата Фрањо одреди една година мисионерски искуства за новите дипломати на Светиот Престол

Папата Фрањо испрати писмо до претседателот на Папската црковна академија во кое напоменува дека од оние кои ќе влезат во дипломатската служба се бара да имаат една година мисионерско искуство во некоја бискупија.

Тоа го најави Папата во завршниот говор на Синодата за Амазонија, а сега таа одредба се конкретизира. Светиот Отец му напиша на надбискупот Јосеф Марини, новиот претседател на Папската црковна академија – школа за формација на дипломатскиот персонал на Светиот Престол – барајќи во програмата на формацијата да се воведе една година помината во мисии во некоја од локалните Цркви. Писмото е со датум од 11 февруари. Папата ја истакна желбата свештениците кои се подготвуваат за дипломатска служба на Светиот Престол да посветат година дена на мисионерска работа во некоја бискупија. Убеден сум дека таквото искуство може да биде од корист за сите млади, кои се подготвуваат или започнуваат со свештеничката служба, а посебно оние кои во иднина ќе бидат повикани да соработуваат со Папските претставници, а потоа и самите ќе може да бидат претставници на Светиот Престол во земјите и партикуларните Цркви.

Папата потоа потсети на својот говор упатен на Папската црковна академија во јуни 2015 година. Посланието кое еден ден ќе го добиете ќе ве одведе во сите краеви на светот. Во Европа која е потребно да се разбуди, во Африка, жедна за помирување, во Латинска Америка, гладни за храна и духовен живот, во Северна Америка, која сака да ги открие корените на идентитетот, кој не доаѓа од исклучување, во Азија и Океанија, која предизвикува способност за дијалог со многубројните култури на нивните претци – напомена Папата.

При тоа напомена дека е позитивно соочувањето со тие сè поголеми предизвици за Црквата и светот, потребно е идните дипломати на Светиот Престол, освен основната свештеничка и пасторална формација и оние специфичните кои ги дава академијата, да стекнат и лично искуство од мисии надвор од сопствената бискупија, учествувајќи во мисијата на Црквата и учествувајќи во нивната секојдневна евангелизациска активност.

Во писмото Папата потоа се обраќа на надбискупот Марини, и побара од него да ја оствари таа негова желба и со ова академската формација да се збогати со едногодишна работа посветена потполно на мисионерската служба во партикуларните Цркви низ целиот свет. Тоа ново искуство ќе стапи на сила започнувајќи со новите студенити кои својата формација ќе ја зaпочнат во следната академска година (2020/2021).

За да се реализира овој проект пред сè ќе треба да се има тесна соработка со Државниот секретаријат, со Оделот за дипломатски персонал на Светиот Престол, како и со Папските претставници кои сигурно ќе ја дадат потребната помош во пронаоѓање на партикуларни Цркви подготвени да примат студенти и да ја следат нивната работа одблизу.

Сигурен сум, откако ќе се надмине почетната загриженост, која би можело да се појави заради овој нов начин на формација на идните дипломати на Светиот Престол, мисионерското искуство кое сака да се промовира ќе биде од корист не само за младите студенти, туку и за поединечните Цркви, со кои тие ќе соработуваат, и се надевам дека кај други свештеници од општата Црква ќе поттикнат желба да се стават на располагање за еден период на мисионерско служење надвор од сопствената бискупија – истакнува на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот