По прв пат во Ватикан ќе бидат изложени моштите на свети Петар

Ватикан објави дека по прв пат во јавноста ќе бидат изложени моштите на свети Петар, апостол, првиот римски епископ, со цел повторно да се разбуди верата на првите христијани.

Кулминација во Година на верата ќе биде изложувањето на моштиите која традицијата ги препишува на апостолот кој го даде својот живот за Господ, истакна претседателот на Папскиот совет за нова евангелизација, монс. Рино Физикела за Осерваторе Романо.

Петровата вера уште еднаш ќе потврди дека вратите за средба со Христос секогаш се отворени и чека да се помине низ нив со истиот ентузијазам и уверување како што го имаа првите христијани, нагласи архиеископот.

Година на верата ја поттикна папата Бенедикт XVI и трае од 11 октомври 2012 до 24 ноември 2013 со цел да се даде нова сила на Новата евангелизација.

Се работи за милост и посветување за потполно обраќање кон Бог, зајакнување на нашата вера во Него и Неговото радосно навестување на луѓето од нашето време, рече Папата Бенедикт XVI  најавувајќи ја Годината на вера.

Воодушевување на првите верници е патот кој денешните христијани мора неуморно да го следат, силни и уверени во Христос, истакна архиепископот Физикела.

Изложувањето на моштиите на свети Пеатр ќе биде единствен епилог во Година на верата, која е посебно обележана со исповедување на верата на милиони поклоници на гробот на свети Петар.

По повод завршувањето на Година на верата, папата Фрањо  на 21 ноември ќе се повлече на молитва во еден манастир. Два дена покасно ќе се сретне со катекумените во базиликата свети Петар, а Година на верата ќе се затвори во недела 24 ноември, со свечена Литургија, која ќе ја предводи папата Фрањо на плоштадот Свети Петар.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот