Објавено логото за посетата на Папата на Фатима

Објавено логото за посетата на Папата на Фатима

На порталот на светилиштето во Фатима објавено е логото за посетата на Папата на тоа Богородично светилиште, на 12 и 13 мај 2017 година.

Патер Карлос Кабехинас, ректор на светилиштето и главен координатор за посетата на Папата, истакна дека желбата била во логото да се изрази едноставноста на стилот и јасноста кои се карактеристики на папата Фрањо.

На логото, кое го осмисли Франческо Провиденца, е прикажано срце обликувано од зрнцата на Бројаницата, во чиј центар е крстот и натпис „Папа Фрањо – Фатима 2017“, а под срцето се наоѓа мотото на посетата на Папата, кое гласи: „Со Марија,  ходочасник со надеж и во мир,“ и логото за прославата на 100 годишнина од Богородичните објавувања.

На плакатите подготвени за тој настан, со логото се наоѓа фотографија која пак го прикажува насмеаниот папа Фрањо како поздравува со раката. Настојувавме да ја истакнеме физичката и пријателската близина на Папата кој, смеејќи се, поздравува и благословува со раката – објасни Франческо Провиденца.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот