Папата Фрањо е автор на размислувањата за Крстниот пат на Велики Петок во римскиот Колосеум

Папата Фрањо е автор на размислувањата за Крстниот пат на Велики Петок во римскиот Колосеум

„Во молитва со Исус на Крстниот пат“ е тема на размислувањата што ќе ги придружува четиринаесетте постојки на Крстниот пат во Колосеумот. Ова го објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол, истакнувајќи дека тоа ќе биде чин на медитација и духовност, со Исус во центарот, во контекст на Годината на молитва која ја прогласи Папата. Упатување на актуелните настани е помалку директно, но пошироко. Што се однесува до присуството на Папата на Крстниот пат, засега нема промени во планираниот распоред.

После бројни епископи, монахињи, цели семејства, млади, студенти, брачни парови, мисионери, мигранти, воени бегалци, оваа година папата Фрањо е автор на медитации за Крстниот пат на Велики Петок во Колосеумот, за прв пат во неговиот понтификат. „Во молитва со Исус на Крстниот пат“ е темата избрана за размислувањата што ќе ги придружуваат четиринаесетте постојки кои потсетуваат на Исусовиот пат до Голгота. Овој наслов ни помага да го разбереме длабоко медитативниот карактер на овие текстови, – како што истакнува Канцеларијата за печат на Светиот Престол – кои ќе бидат „чин на медитација и духовност, со Исус во центарот. Оној што оди по Крстниот пат оди со него на тој пат. Сè е конкретно фокусирано на она што Исус го доживува во тој момент и јасно е дека се проширува на темата страдање…“.

Година на молитва

Затоа ќе има помалку директно упатување на актуелните настани, како во изминатите години кога беа вклучени бегалци, жртви на трговија со луѓе или луѓе од земји во војна, или пак, минатата година, со сведоштва и дијалози земени од ранетите земји кои Папата ги посети за време на неговите Апостолски патувања. Иако „на овој Крстен пат врските се пошироки, бидејќи се работи за молитва, поврзаноста се проширува… Молитвата не е според одредена категоријата луѓе, туку според ситуацијата“. Изборот секако треба да се поврзе со Годината на молитвата која папата Фрањо одлучи да ја прогласи како подготовка за јубилејот, настан кој – како што секогаш истакнува – има пред сѐ духовен карактер.

Присуство на Папата на Крстниот пат

Во врска со присуството на Папата на Крстниот пат, со оглед на здравствената состојба на Светиот Отец и падот на температурите во Рим, од Канцеларијата за печат на Светиот Престол не нема потврда ниту демант. Останува она што беше претходно најавено, имено дека Папата во петок навечер ќе биде на Палатин во близина на Колосеумот. „Во моментов нема промени во однос на она што е веќе предвидено. Текстовите од медитациите ќе бидат поделени во петок на 29 март, а истиот ден ќе има повеќе информации за тоа кој ќе го носи крстот низ старите улици околу Колосеумот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот