Папата Фрањо: Да одговориме на плачот на Земјата и сиромашните

Папата Фрањо: Да одговориме на плачот на Земјата и сиромашните

Папата Фрањо испрати видеопорака по повод иницијативата ,,Laudato si Week” која ќе се одржи од 16 до 24 мај, кога католичките заедници во целиот свет ќе слават пет годишнина од енцикликата, која е објавена на 24 мај 2015 година.

На еколошката криза мора да се одговори; плачот на земјата и плачот на сиромашните не можат повеќе да чекаат –  е повторниот апел на папата Фрањо за грижата за заеднички дом, упатен во видеопораката по повод иницијативата ,,Laudato si  Week” која ќе се одржи од 16 до 24 мај. Папата во пораката повикува учество во неделата на енцикликата ,,Laudato si’’, каде католичките заедници насекаде ќе ја слават пет годишнината од енцикликата на папата Фрањо која е објавена на 24 мај 2015 година.

Иднина на децата

По повод оваа ,,глобална кампања’’ папата Фрањо – како што стои во самиот документ – нè охрабрува да се запрашаме каков свет сакаме да им оставиме на оние што ќе дојдат после нас, децата кои растат. Во енцикликата, тој појаснува дека тоа прашање не се однесува посебно на животната средина, туку општо за значењето на животот и вредностите кои се наоѓаат во основата на општествениот живот. Затоа што – како што истакна во видеопораката – е дар од нашиот добар Бог создател.

Делување на католичките заедници

Неделата на енцикликата,,Laudato si’’ ќе се одржи под покровителство на Дикастеријата за целосен човеков развој, поддржана меѓу другото и од Глобалното католичко движење за клима, со внимание кон акциите за зачувување на создаденото, кои до сега ги имаат преземено католичките заедници, и ангажирајќи се за да се забрза заштитата на зaедничкиот дом.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот