Tag "Папа Фрањо"
Папата: Со Исус секое „денес“ може да се надева на едно „утре“
Папата Фрањо ја предводеше молитва Царице небесна на плоштадот Свети Петар на Светол Понеделник, 1 април 2024 година.
Воскресно бдение со Папата: Со Исус ниту еден гроб нема да ја потисне радоста на животот
Во проповедта на Воскресното бдение кое го предводеше во базиликата Свети Петар, папата Фрањо ги охрабри верниците да не дозволат да бидат затворени во гробот на стравот и горчината и да се погрижат страдањето и копнежот за мир, прекинати со суровата омраза, да не го спречи патот до радоста. За време на славењето беа крстени осум катехумени
Воскресна порака на папата Фрањо Urbi et orbi – До градот и светот
Во неделата на Воскресението Господово, папата Фрањо испрати велигденска порака и го упати благословот Urbi et orbi – до градот и светот од централната ложа на ватиканската базилика Свети Петар, молејќи се посебно за Светата Земја, Украина, Мјанмар, Сирија, Либан и Африка, како и за жртвите на трговија со луѓе, за неродените деца и за сите кои минуваат низ тешки времиња. Преводот на пораката на Светиот Отец ви го пренесуваме во целост.
Папата на Велики Четврток: Господ никогаш не се изморува да простува
На Велики Четврток, 28 март 2024 година, папата Фрањо ја предводеше Литургијата Вечера Господова во женското одделение на затворот Ребибија во Рим. По проповедта, тој им ги изми нозете на 12 од 370 жени кои моментално се наоѓаат таму.
Папата на Велики Четврток: Господ бара од свештениците љубов и солзи за оние кои се далеку
На Велики четврток, 28 март 2024 година, папата Фрањо заедно со уште 1.500 свештеници ја славеше Светата Литургија со посвета на миро во ватиканската базилика Свети Петар. На олтарот кардинал Анџело де Донатис, генерален викар на Римската бискупија ја служеше светата Литургија.
Папата: Солидарноста е начин да се надмине кризата
Папата Фрањо во втроник 26 март 2024 година испрати видео порака до жителите и институциите на аргентинскиот град Росарио, кој веќе неколку недели е место на убиства и други злосторства на трговците со дрога. „Треба да работиме на прашањето за понудата и побарувачката на лекови преку политики за превенција и помош. Молкот на државата на оваа тема ја олеснува употребата и трговијата со дрога”. Папата апелира до црквата да ги придружува сите зависници од дрога и нивните семејства
Папата Фрањо е автор на размислувањата за Крстниот пат на Велики Петок во римскиот Колосеум
„Во молитва со Исус на Крстниот пат“ е тема на размислувањата што ќе ги придружува четиринаесетте постојки на Крстниот пат во Колосеумот. Ова го објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол, истакнувајќи дека тоа ќе биде чин на медитација и духовност, со Исус во центарот, во контекст на Годината на молитва која ја прогласи Папата. Упатување на актуелните настани е помалку директно, но пошироко. Што се однесува до присуството на Папата на Крстниот пат, засега нема промени во планираниот распоред.
Папата до младите: Не обесхрабрувајте се поради војните и страдањата
Папата Фрањо упати порака до младите од целиот свет по повод пет години од објавувањето на постсинодалниот поттик „Christus vivit“: Христос живее и ве сака бескрајно, падовите и грешките не се важни. Сведочете го тоа на вашите врсници. Папата, исто така, ги охрабри да дадат „креативен“ придонес во Синодата за Синодалност, со цел да истражат нови патишта.
Папата до нигериската заедница во Рим: Бидете универзални; не се затворајте во сопствената култура
Примајќи ги во аудиенција членови на нигериската католичка заедница во Рим, папата Фрањо изрази благодарност за радосното сведоштво на Евангелието и богатството на повикот и истакна дека различноста на традициите и јазиците не е проблем, туку дар кој го збогатува ткивото на Црквата и општеството. Тој ги вети своите молитви за сигурност, единство и духовен и економски напредок за таа африканската нација.
Папата до вработените во Италијанската радио телевизија (РАИ): Информациите и забавата нека шират вистина, вредности и убавина
Папата Фрањо ги прими членовите на управниот одбор и персоналот на РАИ- по повод 70-годишнината на телевизијата и 100-годишнината од радиото и посака услугата што ја даваат да биде одговор на потребите на граѓаните, во духот на општата отвореност, гарантирајќи плурализам кој почитува различни мислења и извори, против секоја лажна вест. Нека различните изрази на кинематографијата, фикцијата, културата, забавата и спортот ја промовираат перспективата на доброто.