Tag "Папа Фрањо"
Света Марта: Во ова тешко време Бог нека им помогне на болните да најдат вистинска љубов
Папата Фрањо за време на светата Литургија во понеделник 16 март 2020 година во домот Света Марта продолжи да моли за болните и се обрати до семејствата кои во оваа ситуација се шогодени од корона вирусот. Папата во проповедта посебно истакна дека е потребно да се прифати Божјата едноставност како не би паднале во арогантност.
Папата ходочастеше за прекин на пандемијата
Во недела, 15 март 2020 година, попладнето кратко после 16.00 часот папата Фрањо во приватна иницијатива го напушти Ватикан и ја посети базиликата Света Марија Велика (Santa Maria Maggiore), за да се обрати во молитва до Пресвета Богордица, Salus populi Romani, чија икона се чува во таа базилика.
Папата после молитвата Ангел Господов: Повикани сме да ја откриеме вредноста на заедништвото
Папата Фрањо после молитвата Ангел Господо повика на заедништво на сите членови на Црквата и заблагодари на сите кои се грижат за болните од корона вирусот и помагаат на најсироамшните и бездомниците
Ангел Господов: Христос е извор од каде црпиме спасение
Папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов упати неколку збора до Црквата во Ломбардија, која посебно е погодена од кризата од корона вирусот. Коментирајќи го Евангелието за Третата недела од Великиот пост, тој потсети на ветувањето кое Исус го даде на Самарјанката: Тој е извор од кој произлегува Светиот Дух, кој ги простува гревовите и раѓа повторно за нов живот. Молитвата Ангел Господов директно е пренесувана по пат на стриминг.
Префектурата на Папскиот дом: Пасхалната тродневница во Ватикан ќе биде без ходочасници
Обредите во Страстната седмица во Ватикан ќе се одржат без присуство на верници, кои по обичај учествуваа на нив, но ќе може да се следат во живо преку Ватикан њуз и останатите телевизиски канали кои емитуваат низ целиот свет. До 12 април и за Генералните аудиенции и молитвата Ангел Господов се однесуваат истите постапки. Се продолжува со секојдневните преноси во живо од светата Литургија од Света Марта.
Затворениците од Падова го подготвија текстот за Крстниот пат за Велики Петок
Го избрав затворот, опфатен во својата целост и овој пат последните да ни го одредат темпото. Кога ги прочитав напишаните размислувања, бев трогнат; се почувствував учесник во приказната, брат на оние кои згрешиле и на оние кои се со нив за да им помогнат да се искачат од безданата – стои во писмото на папата Фрањо објавено во венсикот„ Il Mattino di Padova“
Папата ги довери Рим, Италија и светот под заштита на Богородица
Во видео пораката, Папата ја моли Пресвета Богородица за заштита во кризната здраствена ситуација со епидемијата на коронавирусот. Видео пораката ќе биде објавена пред Литургијата која по тој повод „Денот на молитва и пост“ ќе ја предводи римскиот викар кардинал Анџело Де Донатис во светилиштето Богородица од божествената љубов. Во таа прилика папата Фрањо ќе ги посвети Рим, Италија и светот под заштита на Богородица, какок знак на спасение и надеж во овие денови на здравствена криза.
Папата Фрањо се заблагодари на сите кои се борат против епидемијата
Заразени од коронавирусот, лекари, болничари и волонтери, сите што деновиве се борат со епидемијата се во срцето на Папата кои ги спомна на Генералната аудиенција. Заедно со нив, да не ги заборавиме страдањата на оние што бегаат од својата земја и бараат спас на грчко – турската граница. На првата Генерална аудиенција која се пренесува по пат на стриминг, Папата продолжи со серијата катехези за блаженствата, а исто така како и во недела по повод молитвата Ангел Господов, се обрати
Папата Фрањо: Свештениците нека им носат на болните Причест
На 10 март 2020 година, Папата ја служеше втората света Литургија во домот Света Марта која беше директно пренесувана по пат на електронските медиуми.
Папата служеше света Литургија за болните од корона вирусот
Во понеделник 9 март папата Фрањо служеше света Литургија во Домот Света Марта, која ја намени за болните од корона вирусот. Светата Литургија беше директно пренесувана преку електронските медиуми, а преносите ќе продолжат и наредните денови, со цел Папата да ја покаже својата близина со сите кои се вклучени во епидемијата од корона вирусот.