Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Света Марта: Нашиот однос со Бог е важен за животот

Болестите на душата треба да се лекуваат, а лекот за тоа е барање простување. Тоа го истакна папата Фрањо за време на проповедта на светата Литургија на 17 јануари 2020 година, која ја служеше во капелата на Домот Света Марта, коментирајќи за тоа како Исус го оздравува фатениот. Добро е да се лекуваат болестите на телото, но “дали мислиме на здравјето на срцето“? На тоа забораваме, не одиме кај лекарот кој може да нè излекува.

Ватикан Вести

Папата до финските лутерани: Кој дава гостопримство, станува побогат

Папа Фрањо вчера на аудиенција ја прими екуменската делегација на Финската лутеранска Црква и во таа пригода истакна дека гостопримството е дел од заедничкото сведочење на верата.

Ватикан Вести

Папата: Едноставната молитва може да Го трогне Бог

Господ е блиску до нас, Неговото сочувство ќе ги земе на себе нашите проблеми, нашите гревови и нашите внатрешни рани – рече папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта, толкувајќи го Евангелието од Литургија кое зборува за оздравувањето на лепрозниoт.

Ватикан Вести

Франческа Ди Џовани именувана за потсекретарка во Оделот на Државниот секретаријат за односи со државите

Во среда 15 јанауари 2020 година папата Фрањо ја именува италијанската правничка Франческа Ди Џовани за потсекретарка во Оделот на Државниот секретаријат за односи со државите, прв пат во историјата на ватиканскиот државен секретаријат.

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Црквата останува отворена и покрај прогонствата

Во центар на катехезата на папата Фрањо за време на Генералната аудиенција, во среда 15 јануари 2020 година, беше последниот дел од патувањето на свети Павле, кога пристигнува во Рим. Сликата на Црквата како „отворени куќи со целото срце во потрага, завршува серијата катехези за Делата на светите Апостоли, која папата Фрањо ја започна на 29 мај минатата година. Словото Божјо е „незапирливо“, сака да трча како би се објавило на сите спасението – рече Папата за време на Генералната

Вести Свет

Надбискупот Какучи: Папата ќе го посети Бари по повод средбата ,,Медитеранот, граница на мирот”

Папата Фрањо на 23 февруари ќе биде во Бари, каде ќе го предводи евхаристиското славење со кое ќе заврши средбата насловена ,,Медитеранот граница на мирот”. Тоа ќе биде негова втора посета во тој град и четврта на покраината Апулија. По мислењето на надбискупот Франческо Какучи, оваа наклонетост на Папата е поврзана со ликот на Свети Никола, кој посебно е „екуменски” универзален светец

Ватикан Вести

Почесниот папа Бенедикт XVI и кардинал Роберт Сарах застанаа во одбрана на целибатот и свештенството

Почесниот папа Бенедикт XVI и префектот на Конгрегацијата за богослужби и светотаинска дисциплина, кардинал Роберт Сарах се автори на новата книга за кризата во Црквата, за свештеничката служба и целибатот

Вести

Папата: За детето крштението е многу важно

Да крстиш дете е чин на правда за него; да се грижиш децата да растат со силата на Светиот Дух – рече папата Фрањо во проповедта на празникот Крштение Господово, кога крсти 32 новороденчиња, 17 момчиња и 15 девојчиња

Ватикан Вести

Папата Фрањо: Исусовата понизност е пат по кој христијанинот треба да оди

Во пладневниот наговор, папата Фрањо ги поттикна верниците да ја навестуваат бесконечната љубов на Отецот и да го слават денот на своето крштение

Ватикан Вести

Папата: Лажливец е оној кој вели дека го сака Бог, а не го сака својот брат

Љубовта е конкретна и се покажува правејќи добро – така папата Фрањо во петок, 10 јануари 2020 година ја започна својата проповед коментирајќи го првото литургиско читање. Рамнодушноста е недостаток на љубов кон Бог и кон ближниот, но на прикриен начин