Одложено Апостолското патување во Малта

Одложено Апостолското патување во Малта

Патувањето на папата Фрањо во Малта кое беше предвидено за 31 мај оваа година поради здравствена криза е одложено за понатаму.

Канцеларијата за печат при Светиот Престол со посебно сооштение информира дека Апостолското патување на папата Фрањо предвидено за 31 мај се одложува за понатаму

Поради актуелната ситауција во целиот свет и во договор со властите и локалната Црква, посетата на Папата, која требаше да биде четврта на тој остров, старо седиште на истоимениот витешки ред, кој денес има нешто помалку од 500.000 жители, за сега не ма да се реализира.

Светиот Престол патувањето го најави во февруари оваа година, а требаше да биде еднодневно и тоа на празникот Педесетница. Исто така беше предвидена и псоета на островот Гозо, едн од 21 острови во Малтешкиот архипелаг.

Ватикан њуз/ к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот