Папата: Црквата и државата треба да бидат блиску до семејствата

Папата: Црквата и државата треба да бидат блиску до семејствата

Зборувајќи им на членовите на Папскиот теолошки институт Иван Павле II за проучувањето на бракот и семејството, кои ги прими во аудиенција, Папата ја истакна потребната разработка на христијанското гледање кое не застанува на брачниот однос, туку размислува за родителството, синството и братското семејно искуство на целокупната човечка заедница. Семејството останува незаменлива „антрополошка граматика“ на основните човечки чувства.

Квалитетот на бракот и семејството зависи од квалитетот на љубовта на поединецот и од врските на самата човечка заедница. Затоа, одговорност и на државата и на Црквата е да ги слушаат семејствата, од аспект на срдечна, солидарна и ефективна блискост – ова се зборовите на папата Фрањо, говорејќи пред академската заедница на Папскиот теолошки институт Иван Павле II за проучување на бракот и семејството, кои ги прими во аудиенција, ги поттикна граѓанските и црковните институции да се грижат за семејствата. Тој исто така побара од нив да го зајакнат својот повик за почовечки, односно посолидарен и побратски свет. Дополнително, ги охрабри да го штитат семејството, но да не го затвораат, да го остават да расте и предупреди дека е потребно да се пазиме од идеологиите кои се мешаат за да се толкува семејството од идеолошки аспект. (…)

Што се однесува до тоа што Црквата е повикана да направи за семејството, Папата објасни, пред сè, дека теологијата треба да развие христијански поглед на родителството, синството, братството – значи, не само брачната врска – што одговара на семејното искуство, внатре во целата христијанска заедница.

Во таа смисла Папата објасни дека токму затоа што е папски, теолошкиот институт Иван Павле II треба да служи на Црквата и повторно го истакна потребното согледување на сегашните семејни реалности.

Папата препорача да не чекаме семејството да биде совршено за да се грижиме за неговиот повик и да го поттикнуваме неговото послание и објасни дека бракот и семејството секогаш имаат несовршености се додека не бидеме во небото. Повторно ги поттикна паровите да се помират после кавгата, затоа што на тој начин се надминуваат тешкотиите и си помагаат својата несовршеност да ја предадат на Господ.

На крајот, папата Фрањо истакна дека во ова општество полно со пукнатини, многу зависи од повторното откривање на радоста на семејната авантура вдахновена од Бога и го заврши својот говор со тоа што го повика Господ да го придружува занесот на верата и строгоста на интелигенцијата на оние кои работат во Теолошкиот институт Иван Павле II, на задачата поддршка, грижа и радост на семејството.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот