Затворениците од Падова го подготвија текстот за Крстниот пат за Велики Петок

Затворениците од Падова го подготвија текстот за Крстниот пат за Велики Петок

Го избрав затворот, опфатен во својата целост и овој пат последните да ни го одредат темпото. Кога ги прочитав напишаните размислувања, бев трогнат; се почувствував учесник во приказната, брат на оние кои згрешиле и на оние кои се со нив за да им помогнат да се искачат од безданата – стои во писмото на папата Фрањо објавено во венсикот„ Il Mattino di Padova“

Страдањето и смртта како и во другите делови на Италија, кои ги преживувате заради вирусот, за мене се поттик на молитва и човечка близина – се зборовите со кои папата Фрањо им се обрати на граѓаните во Падова и до сите христијански заедници со нивните свештеници и епископот во писмото објавено на 9 март во весникот „Il Mattino di Padova“. Светиот Отец истакнува дека дури и во овие моменти Бог ни се обраќа, што е причина за христијанската надеж. На човекот е во тој глас да ја препознае насоката за понатамошно градење на дел од Царството Божјо на земјата.

Папата понатаму пишува дека актуелната ситуација воедно е прилика да видиме за што се способни мажите и жените со добра волја, мислејќи пред сè на здравствените работници. Осврнувајќи се на мотото „Да ја сошиеме заедно Италија“ кое Падова, како Европска престолнина на волонтерството го избра за оваа година, истакнувајќи дека зборот „сошие“ потсетува на постапките кои се најпотребни откако ќе се создаде раздор или рана, односно на шиење и поправка.

Денес сме изложени на искушение да фрлиме наместо да поправаме и расправаме, наместо да сошиеме; тоа е судбината која не ја наменуваме само на предметите, туку и на лицата посебно на најслабите – напиша Светиот Отец и додаде: Личните приказни на мажите и жените меѓутоа се најважното наследство кое го имаме; ниту на една од тие личности не смее да се одземе погледот полн со љубов и внимание, како и добронамерни гестови, односно гестови колку другиот без оглед на животната ситуација во која се наоѓа е важен и сакан.

Во овој момент на радост заради европското признание, како и маката заради овие опасности, би сакал заедно со вас да споделам една преубава страница на милосрдната љубов. Секоја година на Велики Петок навечер ја славиме побожноста Крстен пат во Колосеумот, многу сакана од христијанскиот народ, и во таа прилика, го следиме Христос на Крстниот пат. Тоа е одење кое секоја година има одредена тема затоа што Бог зборува внатре во една приказна, преку личност, користејќи ги нашите животни приказни – стои во писмото.

Светиот Отец понатаму објаснува дека сака оваа година текстот за Крстниот пат да го подготват затворениците од затворот во Падова. Избрав затвор, опфатен во својата целост и овој пат последните да ни го одредат темпото. Заедно со дон Марко Поци кој добро го познавате, ги замисливме размислувањата како заедничко дело, обединувајќи различни лица кои го сочинуваат светот на затворот: жртва, човек во притвор, затворски службеник, волонтер, семејство на затвореник, надзорен судија, педагошки службеник, Црква и невина личност која понекогаш неправедно се обвинети – пишува Папата.

Кога ги прочитав напишаните размислувања, бев трогнат; се почувствував учесник во таа приказна, брат на оние кои згрешиле и оние кои се со нив за да им помогнат да се искачат од бездната. Свесен сум дека не е лесно да се усогласи правдата и милосрдието; таму каде тоа ќе успее, целото општество добива. Се заблагодарувам на затворската парохија и заедно со нив на сите луѓе кои делуваат во корист на тој ограничен свет; Бог нека го благослови доброто срце на оној кој со нежност и пркоси на рамнодушноста – стои во писмото на папата Фрањо кој на крајот ги изразува своите најдобри желби и близина на целото уредништво и читателската публика на весникот, поделувајќи го благословот на нив и на оние кои тагуваат за сакните, како и на старите, болните и затворениците кои заради вонредната ситуација не можат да примат ниту едноставна утешителна посета.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот