Папата Фрањо се заблагодари на сите кои се борат против епидемијата

Папата Фрањо се заблагодари на сите кои се борат против епидемијата

Заразени од коронавирусот, лекари, болничари и волонтери, сите што деновиве се борат со епидемијата се во срцето на Папата кои ги спомна на Генералната аудиенција. Заедно со нив, да не ги заборавиме страдањата на оние што бегаат од својата земја и бараат спас на грчко – турската граница.

На првата Генерална аудиенција која се пренесува по пат на стриминг, Папата продолжи со серијата катехези за блаженствата, а исто така како и во недела по повод молитвата Ангел Господов, се обрати до сите кои во овој момент, во Италија и во целиот свет се борат против епидемијата на корона вирусот.

Според најновите податоци на Европскиот центар за превенција и контрoла на болести (ECDC) во светот се заразени околу 120.000 луѓе, а повеќе од 4.200 починале, но исто така регистрирани се 66.000 излекувани, додека екипи на меѓународни лекари се ангажираат во лабораториите за да ја пронајдат вакцината што е можно поскоро. Во некои земји, како што е во Италија на пример, моменталната состојбата го става здравствениот систем на тешко искушение и поврзаноста на социјалното ткиво принудувајќи ги на преземање драстични мерки.

Заболени, лекари, волонтери

Со поглед и срце насочено кон целата ситуација папата Фрањо им се обрати на оние кои се на првата линија. Во овој момент, сакам да им се обратам на сите оние кои страдаат од вирусот и кои страдаат поради оваа болест, како и на многумина кои страдаат поради неизвесност заради својата болест. Од срце им се заблагодарувам на медицинскиот персонал, лекарите, медицинските сестри и болничарите, на волонтерите кои во ова многу тешко време се со оние што страдаат – рече Папата.

Светиот Отец исто така се заблагодари за големиот број верници кои во целиот свет, на различни начини се молат, ја слават Литургијата и молат Света Бројаница. Самиот Папа реши, од 9 март, секојдневната Литургија која се слави во Домот на света Марта, да ја посвети токму на оваа голема здравствена криза. Им се заблагодарувам на сите христијани, на сите мажи и жени со добра волја кои се молат поради овој момент, сите обединети, без разлика на која верска традиција припаѓаат. Од срце благодарам за тој труд – рече папата Фрањо.

Сирија и страдањето на бегалците

Сепак, од зборовите на Папата видлива е загриженоста поради епидемијата што го привлече вниманието на сите во последните неколку месеци, но во тишина се одвива драмата на стотина илјади незаштитени животи – како што рече – „кутрите Сиријци“. Станува збор за драма на границата меѓу Грција и Турција, за која никој сè уште не најде решение.

Не би сакал поради тој проблем, на таа толку силна епидемија, да ги заборавиме кутрите Сиријци кои страдаат на границата меѓу Грција и Турција; станува збор за народ кој со години страда. Мора да бегаат од војна, глад, болест. Да не ги заборавиме браќата и сестрите, многуте деца, што страдаат таму – истакна на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот