Tag "Папа Фрањо"
Сочувство на папата Фрањо за нападот во кампот за раселени лица во Конго
Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Паролин и упатена до бискупот од Гома, папата Фрањо го осуди нападот во кампот Мугунга каде 18 лица, меѓу кои жени и деца, загинаа во две експлозии на 3 мај. Папата го народот на Конго да ја одржува надежта, а политичарите да работат за мир и братство.
Папата упати писмо до паросите во целиот свет
Го објавуваме целосниот превод на писмото што папата Фрањо на 2 мај на крајот на Меѓународната средба „Паросите за синодата“ го упати до паросите учесници на средбата како и до сите пароси ширум светот.
Папата: Молете Света Бројаница за застапништво на Пресвета Богородица за мир во светот
Папата Фрањо ги повика верниците да молат Бројаница, особено во текот на месец мај, бидејќи на Пресвета Богородица и го доверува мирот, кој е потребен на земјите во војна, како што се Светата Земја, Украина и Мјанмар.
Генерална аудиенција: Светот има потреба од христијанската надеж
Во серијата катехези за богословските крепости, папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 8 мај 2024 година зборуваше за крепоста надеж. Ви го пренесуваме преводот на целата катехеза.
Папата до Швајцарската гарда: Бидете заедно во слободното време, не се изолирајте со компјутерот или мобилниот телефон
Светиот Отец на 6 мај 2024 година ги прими членовите на Папската швајцарска гарда заедно со членовите на нивните семејства во аудиенција по повод нивниот празник. Истиот ден попладне заклетва дадоа 34 регрути
Генерална аудиенција: Големиот непријател на верата не е интелигенцијата туку стравот
Според папата Фрањо, најголемата опасност за верата не е разумот или интелектот, туку стравот. Затоа верата е „првиот дар“ што христијаните го добиваат при крштението, рече папата Фрањо за време на Генералната аудиенција во среда 1 мај 2024 година, која ја пренесуваме во целост.
Да молиме за мир; страшно е да се заработува од смрт
На крајот од Генералната аудиенција во среда 1 мај 2024 година папата Фрањо ги спомена жртвите од војната во Украина, Палестина, Израел, како и Рохинџите во Мјанмар и истакна дека, за жал, најпрофитабилните инвестиции се оние поврзани со индустријата за оружје. Тој, исто така, поттикна на молитва за жртвите од поплавите во Кенија, кои погодија 190.000 луѓе
Папата: Во свет поделен од себичност, неопходно е да се сподели дарот на различноста
Светиот Отец во понеделник 29 април 2024 година во аудиенција ги прими учесниците на генералното собрание на Друштвото на милосрдните браќа и браќата на свети Гаврил, по повод големите јубилеи на нивните основачи, 250 години од раѓањето на Света Магдалена од Каноса и 350-годишнината од раѓањето на Свети Лудевит Марија Грињон де Монфорт.
Папата: Венеција, земја која ги прави луѓето браќа
На крајот од посетата на Венеција, папата Фрањо служеше света Литургија на плоштадот Свети Марко во присуство на околу 10.500 верници. Во својата проповед, тој ги охрабри христијаните да ги носат плодовите на правдата и солидарноста и внимателните одлуки за заштита на животната средина и човечкото наследство: „Нека заедниците, населбите, градовите станат пријатни, гостопримливи, инклузивни места“. Донесуваме целосен превод на проповедта