Папата до Швајцарската гарда: Бидете заедно во слободното време, не се изолирајте со компјутерот или мобилниот телефон

Папата до Швајцарската гарда: Бидете заедно во слободното време, не се изолирајте со компјутерот или мобилниот телефон

Светиот Отец на 6 мај 2024 година ги прими членовите на Папската швајцарска гарда заедно со членовите на нивните семејства во аудиенција по повод нивниот празник. Истиот ден попладне заклетва дадоа 34 регрути

Папата Фрањо на 6 мај 2024 година, ги прими членовите на Папската швајцарска гарда, заедно со членовите на нивните семејства, кои дојдоа на прослава по повод годишнината од опљачкувањето на Рим (1527 година), при што 189 швајцарски гардисти застанаа во одбрана на папата Климент VII. против војската на Карло V. Попладнево, 34 регрути положија заклетва со ветување дека ќе го штитат и бранат Папата и сите негови наследници дури и по riyik на сопствениот живот, исто како што тоа го правеа нивните предци.

Љубезна, внимателна, скрупулозна услуга

За Папата тоа е ден на кој секогаш се радува бидејќи е можност јавно да ја изрази својата благодарност за присуството и службата на Üвајцарската гарда – рече тој, нагласувајќи:

Пред сè, поради присуството: присуство кое се издвојува по својот квалитет, со својот љубезен, внимателен, згора на тоа, скрупулозен стил. Се разбира, и секојдневната служба, која секогаш е несебична и вредна.

Позитивна атмосфера

Папата изрази благодарност и до семејствата на овие млади луѓе, бидејќи ако се тука, и ако се добро воспитани, тоа е пред се благодарение на средината во која пораснале – истакна Папата. Обраќајќи им се на самите гардисти, тој рече дека е задоволен од многуте позитивни аспекти за кои го известиле нивните претпоставени. Пред сè, одличниот дух на корпусот, потоа позитивната атмосфера полна со почит во касарната и учтивото однесување кон претпоставените и гостите, и покрај понекогаш долгите периоди на интензивна и напорна служба поради што – истакна Папата – тие се бројно малку.

Покажувате високо ниво на мотивираност и подготвеност да служите, но исто така ме прават многу среќен добрите односи меѓу вас: заедно одите на патувања, заедно поминувате празници, често излегувате заедно. Тоа е многу убаво!

Добри односи

Односите се клучно искуство за христијаните, а добрите односи се главниот пат до нашиот човечки и христијански раст и созревање. Затоа, животот во поширокото семејство на Швајцарската гарда, во текот на најмалку две години служба, е многу важно и формациско време за вас. Не станува збор само за одреден период на работа, туку за животот и односите, интензивно заедништво во разнолико општество – истакна папата Фрањо.

Нова касарна и спојување на семејствата

Тој се осврна и на новата касарна која моментално е во фаза на планирање. Станува збор за сеопфатен проект кој вклучува посебно внимание на критериумите за еколошка одржливост и сеизмичка адаптација, чувствителност на барањата за заштита на историското и археолошкото наследство на областа и околниот урбан распоред, како и нов и пофункционален распоред на просторот, исто така прилагоден на реформите во Гардата иницирана од самиот папа Фрањо во 2018 година. Меѓу нив е и проширувањето на можноста за склопување брак (претходно резервирана за офицери) на сите војници по првите пет години служба.

Новата касарна треба да даде значаен придонес за повторното соединување на гардистите и нивните семејства, кои поради недостаток на простор во моментов се принудени да живеат малку распрскани, и со тоа сака да се поддржат и зајакнат тие односи и семејното чувство во гардата.

Одете против струјата

Папата потоа ги охрабри присутните активно да го негуваат животот на заедницата. За да го направат тоа, посочи, треба малку да одат против струјата, со оглед на тоа што во денешно време кај младите е раширена навиката слободното време да го поминуваат сами со компјутер или мобилен телефон.

Затоа, ви велам, млади гардисти: Одете против струјата! Ве молам одете против струјата! Слободното време подобро да го искористите за заеднички активности, за запознавање со Рим, за моменти на братство каде се разговара и споделуваат личните искуства, за спорт…

Таквите искуства ве градат одвнатре и ќе ве придружуваат во текот на животот – истакна папата Фрањо.

Света Литургија со кардинал Паролин и заклетва

Пред аудиенцијата кај Светиот Отец, утрово во 7.30 часот, Швајцарската гарда учествуваше на света Литургија предводена од државниот секретар кардиналот Пјетро Паролин во базиликата Свети Петар. Попладнево во дворот Свети Дамас се одржа заклетвата на регрутите, во присуство на делегација од Швајцарската конфедерација и заменикот за општи работи, монсињор Пења Пара, како претставник на папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот