Папата: Молете Света Бројаница за застапништво на Пресвета Богородица за мир во светот

Папата: Молете Света Бројаница за застапништво на Пресвета Богородица за мир во светот

Папата Фрањо ги повика верниците да молат Бројаница, особено во текот на месец мај, бидејќи на Пресвета Богородица и го доверува мирот, кој е потребен на земјите во војна, како што се Светата Земја, Украина и Мјанмар.

Папата Фрањо ѝ го довери на блажената Мајка луѓето кои страдаат од војни и конфликти ширум светот и ги повика верниците повторно да ја откријат големата вредност на Бројаницата.

Апелот го упати за време на Генералната аудиенција во среда 8 мај 2024 година на плоштадот Свети Петар.

Папата потсети дека во среда, 8 мај, се одбележува празникот на Пресвета Богородица од Бројаницата и се паѓа во месец мај, кој е посветен на Пресвета Богородица.

Денеска, истакна тој, Црквата вознесува молитвата до Пресвета Богородица од Помпеја.

„Ги повикувам сите“, рече Папата „да молат за застапништвото на Марија, за Господ да даде мир на целиот свет, посебно на милата и маченичка Украина, на Палестина, Израел и Мјанмар“.

Светиот Отец потоа на Пресвета Богородица ги довери и младите, болните, старите и младенците.

Пред да им го подели својот апостолски благослов, папата Фрањо упати барање: „Ве повикувам сите овој мај да ја почитуваат Светата Бројаница“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот