Секретарот за односи со државите при Државниот секретаријат на Светиот Престол, надбискупот Пол Ричард Галагер во петок 17 јуни 2022 година, на маргините на Преспа форумот за дијалог што се одржува во Охрид, се сретна со Претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски. На средбата, на која присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на маргините на Преспа форумот за дијалог што се одржува во Охрид се сретна со секретарот за односи со државите на Светата Столица (Ватикан) Пол Ричард Галагер.
Премиерот Ковачевски на средбата ја изрази благодарноста за аудиенцијата и средбата со папата Франциско во Ватикан на 23 мај, за време на прославата на денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.
На средбата двајцата соговорници истакнаа дека дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Ватикан од воспоставувањето на дипломатските односи бележат континуиран развој со високо ниво на меѓусебна доверба, разбирање и пријателство, а круна на интензивните пријателски односи беше посетата на Папата Франциск на нашата земја во мај 2019 година.
Соговорниците на состанокот истакнаа дека духовните врски меѓу Македонија и Светиот Престол се зацврстени со наследството и христијанските вредности на делото на Мајка Тереза и Светите Кирил и Методиј, кои се преточуваат во пријателските политички односи меѓу двете држави и кои се од значење и за регионот.
фото: vlada.mk