Кардинал Паролин: Глобалните предизвици бараат единство, а не поделба

Кардинал Паролин: Глобалните предизвици бараат единство, а не поделба

По повод претставувањето на книгата „Чувство на жед. Водата помеѓу геополитиката, правата, уметноста и духовноста“, од Фауст Сперанза, Папскиот државен секретар, кардинал Паролин, зборуваше со новинарите за Украина, неодамнешното патување во Африка и именувањето на три жени во Дикастеријата за бискупи.

По повод претставувањето на книгата „Чувство на жед. Водата помеѓу геополитиката, правата, уметноста и духовноста“, од Фауст Сперанза, што се одржа на 13 јули во италијанската амбасада при Светиот Престол во Рим, Папскиот државен секретар, кардиналот Пиетро Паролин зборуваше за сериозната криза со водата, која влијае посебно на најсиромашните земји. Но, во таа прилика во краток и отворен разговор со новинарите се осврна и на Украина, на неодамнешното патување во Африка во име на папата Фрањо и именувањето на три жени на клучни позиции во Римската курија.

Украина е постојано во мислите

Папата сака да оди во Украина и ќе оди таму што е можно поскоро – со овие зборови кардинал Паролин ја потврди желбата на Папата да оди во Киев за да ја покаже својата близина со украинскиот народ, измачуван од воено насилство. Сега претстои патувањето во Канада, кое е потврдено – потсети кардиналот. На прашањето за глобалните последици од конфликтот во Украина и немирите што ги предизвикува во европските влади, кардиналот рече дека верува, во сегашното сценарио во светот, колку е постабилна владата, толку е поспособна да да се соочи со многуте предизвици што се појавуваат; станува збор за епохални предизвици. Никој не можеше да замисли дека од таа војна ќе произлезе општа криза, со храна и од енергетски аспект. Затоа, очигледно е дека кога некој ја држи ситуацијата во свои раце, тоа ги олеснува решенијата – рече кардиналот и охрабри: Мора да се зафатиме да работиме заедно, а не да се разделуваме!

Патувањето во Африка

Зборувајќи за неговото неодамнешно патување во Африка, државниот секретар рече дека отишол во Демократска Република Конго и Јужен Судан за да ги увери луѓето од тие две земји дека Папата има намера да дојде. Патувањето беше одложено само поради неговото здравје – додаде тој и објасни дека треба да се избере најпогодниот период за да се избегнат дождовните сезони кои ќе ја отежнат посетата на Папата. Истовремено, тој посочи дека таквите периоди во Јужен Судан не се совпаѓаат со оние во Демократска Република Конго и затоа посетата треба внимателно да се планира.

Три жени во Дикастеријата за бискупи

Што се однесува до именувањето на три жени во Дикастеријата за епископи од страна на Папата, кардиналот истакна дека продолжува отворањето на Црквата кон светот на жените. Во таа дикастерија до сега немаше жени – напомена тој и истакна дека тоа е многу важна дикастерија која е задолжена да подготвува досиеја кои се доставуваат до Папата за именување епископи. И тоа е последица на Апостолската конституција „Praedicate Evangelium“.

Ватикан њуз/к.мк

 

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот