Бенедикт XVI во Германија престојуваше во посета на својот брат Георг кој е тешко болен, соопшти во неделата на 21 јуни Регенсбуршката бискупија во Баварија.
Почесниот папа Бенедикт XVI се врати во Рим во понеделник 22 јуни,
Патувањето на почесниот Папа во Германија каде пристигна во четврток на 18 јуни е прво негово патување во странство по повлекувањето во 2013 година.
„Станува збор за приватна посета“ на која се одлучи „спонтано“ заради влошувањето на здравјето на неговиот брат Георг Рацингер, додаде гласноговорникот на Регенсбуршката бискупија Клеменс Нек.
Ова е втор пат почесниот Папа кој е 93 години да го напушти Ватикан, откако се повлече од папската служба. Пред тоа кратко престојуваше во папската палата во Кастел Гандолфо блиску до Рим.
Освен посетата на брат му, почесниот Папата ги посети гробови на своите родители, каде се помоли, како и куќата во областа Пентлинг, јави Регенсбуршката бискупија во Баварија на 21 јуни.
Ватикан њуз/к.мк