Бразилските епископи против неограничена употреба на марихуаната

Бразилските епископи против неограничена употреба на марихуаната

По предлогот на некои бразилски политичари да се одобри поширока употреба и неограничена употреба на марихуана на целата територијата на Бразил, многу повеќе од медицински цели, Бразилската епископска конференција во писмо до претседателот на парламентот Родриг Мај изрази несогласување.

Бразилските епископи повторно истакнуваат дека злоупотребата на дрогата сериозно влијае на семејствата и општеството и е една од причините за многу болести, телесни и душевни оштетувања и отуѓување од општеството. Зависноста од дрога посебно ги погодува малолетниците и младите луѓе, нагласуваат бразилските епископи и истакнуваат дека тоа е фактор кој во општеството поттикнува насилство и кај луѓето предизвикува промена во свеста и однесувањето. Освен тоа, епископите додаваат дека употребата и трговијата со дрога се главна причина за напади по животот.

Токму затоа го искажаа и своето противење за декриминализација на употребата на дрога и ја истакнуваат важноста на јавната политика за превенција, помош на службите кои помагаат во лекувањето, вклучувајќи ги оние кои управуваат со верските организации, како и праведен и строг однос кон оние кои профитираат од продажбата на дрога. На крајот од писмото Бразилската епископска конференција искажа подготвеност за соработка со државните власти како со заеднички сили би ја запреле драмата на зависност во општеството.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот