Папата Фрањо упати порака до Витезите на Колумбо на генералното собрание

Папата Фрањо упати порака до Витезите на Колумбо на генералното собрание

Ватиканскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин во име на папата Фрањо упати срдечен поздрав во врховниот витез на Витешкиот ред на Колумбо Карло Андерсон по повод 138. Генерално собрание кое се одржа минатата недела.

„На неговата светост папата Фрањо му беше мило да слушне дека 138. Генералното собрание на Витешкиот ред ќе се одржи оваа година и лице во лице и виртуелно на 4 и 5 август. Ме замоли на сите учесници да пренесам срдечни поздрави со гаранција на неговата близина и молитва, “ пишува во писмото.

„Во оваа прилика Неговата светост ја повторува својата длабока благодарност за историскиот придонес на вашиот ред за евангелизациското послание на Црквата и за неговата непоколеблива солидарност со Петровиот наследник во грижата за сите Цркви.“

Собранието е одржано на тема: „Витезите на Колумбо: Витези на братството.“ Завршувајќи кардиналот Паролин им го пренесува Папскиот апстолски благослов „како залог на радоста и мирот во Господ.“

Ватикан њуз/к.мк

 

 

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот