Чиле: Литургија за осум илјади волонтери на Папата

Чиле: Литургија за осум илјади волонтери на Папата

Продолжуваат интензивно подготовките во Сантијаго де Чиле, каде што доцна вечерта на 15 јануари ќе пристигне папата Фрањо, на своето 22 меѓународно апостолско патување.

По тој повод на 13 јануари околу 8 илјади „папски волонтери“ – сите луѓе кои сакаа да работат во организацијата на тој голем настан – ќе учествуваат на посебна света Литургија. Настанот во големата „Мовестар арена“, кој вклучува исто така и музички моменти започнува во 14 часот, волонтерите ќе ги добијат своите официјални акредитации и комплетниот прибор за нив, кој вклучува наградник, ранец, крем за сончање и прирачник за волонтер. Под мотото „Моето волонтерско служење е негувано од Исус“ настанот е во организација на Волонтерскиот оддел при Националната комисија, која се грижи за организација на посетата на Папата. Литургијата ќе започне во 18 часот и ќе ја предводи кардинал Рикардо Езати, архиепископ на Сантијаго де Чиле.

„Овие месеци бевме сведоци на поголемо учество, а нашиот тим со голема љубов го организираше овој настан, кој за прв пат ги собра сите волонтери, за да се подготви на најдобар начин доаѓањето на Папата помеѓу нас“ – рече Роналд Боун, директор на Канцеларијата за волонтери.

Иста атмосфера на интензивна подготовка се гледа и во Темуко и Икике, другите два чилеански града, кои Папата ќе ги посети и каде што се предвидени два настани за волонтерите. Во Икике, исто на 13 јануари во унивезитетот „Артуро Прат“ од 15 часот се служеше Литургијата која ќе ја предводи монс. Гулиелмо Вера Сото. Во Темуко, Литургијата е предвидена за 15 јануари од 18 часот во училиштето „Ла Сале.“

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот