Папата: Треба да ги заштитиме и децата и климата

Папата: Треба да ги заштитиме и децата и климата

Во понеделник, 18 септември, папата Фрањо преку видео повик се обрати до Глобалната иницијатива Клинтон предводена од поранешниот американски претседател Бил Клинтон и ги повика луѓето со добра волја да се стремат кон општото добро, особено за чувствителните членови на општеството, ранливите деца.

Децата и климатските промени беа централните точки на говорот на папата Фрањо пред Фондацијата Клинтон во понеделник, 18 септември 2023 година.

Во видео обраќањето до глобална иницијатива Клинтон „Keep Going“, папата Фрањо ја истакна важноста да се придонесе за општото добро, а притоа да не се остави никој настрана.

Папата повика на култура на средби и дијалог, нагласувајќи ги заедничките одговорности во соочувањето со денешните глобални предизвици. Римскиот епископ зборуваше за најчувствителните членови на општеството, посебно за децата.

Никој не оставајте настрана

Светиот Отец напомена дека никого не смееме да оставиме настрана, посебно не ранливите деца. Тој го постави прашањето на кој начин човештвото може заедно да ги надмине сегашните предизвици и се пожали на глобализациската рамнодушност.

Папата Фрањо му се заблагодари на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Бил Клинтон за неговата работа и препознавањето на итните и актуелни прашања како што се климатските промени, хуманитарните кризи и заканите од војни.

Сите ги повика на лично преобраќање и настојување да се сфати дека сите сме поврзани, велејќи дека не можеме сами да надминеме ниту еден предизвик. Никогаш сами, истакна Папата, туку секогаш да се дејствува заедно.

Не за војна

Имајќи го ова на ум, Папата ги повика сите да ја отфрлат војната, залагајќи се за дијалог и дипломатија.

Време е да се пронајде патот за мир, промени за братство, рече Римскиот епископ. Време е да се замолчи оружјето и да се вратиме на дијалогот и дипломатијата. Не за војна, не за војна, повтори папата Фрањо во своето обраќање.

Да работиме заедно за да ја запреме еколошката катастрофа додека има уште време. Светиот отец, исто така, повика на итна акција за да се спречи еколошка катастрофа и да се реши ситуацијата со миграцијата.

Специјална болница

Светиот Отец потоа ја истакна работата на педијатриската болница Bambino Gesù во близина на Ватикан и ја пофали посветеноста на институцијата за комбинирање на научното истражување со гостопримството во третманот на децата.

Науката и гостопримството, истакна Светиот Отец, се две работи кои ретко можат да се видат заедно на толку високо ниво. Папската болница, рече тој, се карактеризира со тоа што се труди да згрижи што е можно повеќе деца, иако не можат сите деца да се излечат.

Папата Фрањо го заврши своето видео обраќање изразувајќи ја својата желба за братство, грижа и љубов. Ги повика сите да чекорат по патот на мирот и промените за човечко братство.

И децата и климатските промени, додаде Папата, треба да бидат заштитени.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот