Папата ја истакна важноста за образование на мигрантите и бегалците

Папата ја истакна важноста за образование на мигрантите и бегалците

На 4 ноември утрото, папата Фрањо во аудиенција ги прими членовите на Меѓународниот сојуз на католички универзитети, кои се собраа во Рим, по повод конференцијата на тема „Бегалците и мигрантите во глобализираниот свет: одговорноста и одговорите на универзитетите.“

Обраќајќи се на учесниците на конференцијата, Папата им се заблагодари за нивната работа, истакнувајќи ја исто така важноста на нивниот придонес во три подрачја: истражувањето, подучувањето и општествената промоција со цел градење на поправеден и похуман свет.

Размислувајќи на темата за нивната конференција, Светиот Отец говореше за потребата да се спроведат понатамошни истражувања за основните причина за присилната миграција, со цел препознавање на одржливи решенија. Додаде исто така дека е важно да се размислува за негативните, понекогаш и дискриминациските и ксенофобните реакции со кои се соочуваат мигрантите во земјите со стара христијанска традиција, за да предложат патишта за формирање на совеста.

Папата Фрањо го истакна придонесот кој мигрантите и бегалците можат да го дадат на општествата кои ги примаат, и изрази надеж дека католичките универзитети ќе развијат програми кои ќе промовираат образование за бегалците на различни нивоа, како по пат на учење на далечина за оние кои живеат во кампови и прифатни центри, така и по пат на стипендии кои ќе овозможат нивно преместување.

Освен тоа Светиот Отец во својот говор ги повика католичките универзитети да ги образуваат своите студенти – од кои некои ќе станат идни политички водачи, претприемачи и творци на култура – внимателно да ги промовираат миграциските феномени, во перспектива на праведноста, глобалната заедничка одговорност и заедништвото во културната различност.

Папата потсети дека во поглед на сложената реалност на миграцијата, Одделот за бегалци и миграција во Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој предложи 20 акциски точки кои претставуваат придонес во процесот кој би требало да доведе до тоа меѓународната заедница да ги прифати двата Глобални пакта во втората половина на 2018 година: едниот се донесува на мигрантите, а другиот на бегалците.

Во таа и во другите димензии, универзитетите можат исто така да ја играт својата улога на привилигирани работници на социјалното подрачје, како на пример поттик на студенска волонтерска работа во програмите за помош на бегалците, барателите на азил и ново пристигнатите мигранти.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот