КОВИД-19: Солидарност на Папата со населението на бразилската Амазонија

КОВИД-19: Солидарност на Папата со населението на бразилската Амазонија

Папата Фрањо му телефонираше на надбискупот во Манаус, Леонард Штајнер, за да изрази солидарност со тој град во бразилска Амазонија, во кој се зголемува бројот на жртви од пандемијата

Папата Фрањо изминатите денови  му телефонираше на надбискупот во Манаус, монс. Леонард Штајнер. Инаку, во истоимениот главен град на бразилската држава Амазонас, изминатите денови е потврдено повеќе од 3.600 заболени од болеста КОВИД-19, додека повеќе од 280 починале Надбискупот Штајнер изјави дека Папата му се заблагодарил, и кажал дека моли за нив и дека поделил посебен благослов на Амазонија.

Длабоко сме благодарни на папата Фрањо за неговиот татковски и црковен гест – рече надбискупот и се осврна на интересот покажан од Светиот Отец за ситуацијата во тој град и околината. Покрај тоа, ја истакна и загриженоста на Папата за автохтоното население на Амазонија, жителите долж реката Рио Негро и сиромашните.

На интернет страните на надбискупијата Манаус објавено е соопштение во кое стои дека Папата е информиран за дејствијата на солидарност на таа околина и дека им се заблагодари на верниците, свештениците и различните црковни групи за нивните напори со кои настојуваат да ги ублажат страдањата на луѓето. На крајот на сите им ги гарантираше своите молитви, особено за починатите и нивните семејства. Надбискупот Штајнер се заблагодари на папата Фрањо за утехата која им ја донесе неговата близина и го спомна поројниот дожд кој во саботата донесе уште повеќе страдања на предградието на Манаус.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот