Мозамбик: Хуманитарна криза после циклонот „Идаи“

Мозамбик: Хуманитарна криза после циклонот „Идаи“

Апелот на Папата е многу важен така што секој може да се моли и да делува – рече за Радио Ватикан Габриел Бертани претставник на англиската католичка хуманитарна организација „CAFOD“ во Мозамбик.

Во Мозамбик е прогласенa вонредна состојба откако циклонот „Идаи“ пред една недела уништи поголем дел од крајбрежните подрачја на таа земја. Според некои податоци повеќе од 400 луѓе загинаа, додека по многумина сè уште се трага. Внатрешно раселениете лица се повеќе од еден милион. Во погодените подрачја со денови нема струја, ниту чиста питка вода. Разни хуманитарни организации како Црвен крст во соработка со Обединетите нации ги бараат преживеаните, обебзбедуваат помош во храна и вода и им пружат медицинска грижа на повредените.

Габриел Бертани претставник на англиската католичка хуманитарна организација „CAFOD“ во Мозамбик за Радио Ватикан рече дека секој ден добива вести за голем број смртни случаи. Цели села се под вода и луѓето живеат на неколку преостанати покриви – рече повторувајќи дека најмалку еден милион луѓе се погодени од таа катастрофа. Апелот на Папата е многу важен така што секој може да се моли и да делува – рече Габриел Бертани.

Свештеникот Маурицио Болдон мисионер во најтешко погодениот град Беири за Радио Ватикан рече дека ги посетил парохиите кои се доверени на негова грижа и дека куќите на тоа подрачје останале без покриви, а семејствата не знаат каде ќе ја поминат ноќта. Според неговите зборови авионите кои доставуваат хуманитарна помош и ги превезуваат волонтерите поголемиот дел доаѓаат од Јужноафриканската Република. Ги нема многу, а една од можните причини е фактот дека циклонот ги срушил контролните кули во аеродромите, така што секој вид на авионски превоз е отежнат.

Во Беири се наоѓа и Џована Де Менеги водач на проектот на италијанската организација „Лекарите со Африка – CUAMM“ која ги координира акциите за давање помош. Таа за Радио Ватикан рече дека станува збор за најлошата катастрофа на тоа подрачје во последните 10 години и дека во поединечни делови на земјата може да им се пристапи само по авионски пат.

На прашањето за потребите на локалното население Де Менеги одговори дека луѓето бараат сигурно место каде ќе можат да спијат и да јадат и сигурност дека нивните најблиски се добро. Според нејзините зборови еден од најитните проблеми е недостатокот на вода и струја. Заради тешката состојба и условите во кои се наоѓа населението, медицинските стручњаци се плашат од епидемија на колера и сипаници па затоа во соработка со владата на Мозамбик и другите хуманитарни организации настојуваат да го спречат нивното избувнување.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет
Ознаки Идаи, Мозамбик

За авторот