Папата разговара со основачот на Свети Егидиј за прашања поврзани со сиромаштијата

Папата разговара со основачот на Свети Егидиј за прашања поврзани со сиромаштијата

Во понеделник 30 август 2021 година папата Фрањо го прими во приватна аудиенција основачот на Католичката заедница Свети Егидиј, Андреја Рикарди (71). Според организацијата, поводот бил претстојниот празник на заштитникот на заедницата, Свети Егидиј, кој Црквата го празнува на  1 септември. Меѓу другото, на средбата е разговарано за растечката сиромаштија поврзана со пандемијата меѓу семејствата и старите луѓе – и што може да се направи.

Заедницата Свети Егидиј е основана во 1968 година од Рикарди и некои негови пријатели, а своите почетоци ги има во социјалната работа и Каритас, со ученици и социјално загрозени семејства. Заедницата, која сега е меѓународно активна, исто така е многу активна во социјалната работа со стари лица.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот