Папата се моли за жртвите од нападот врз црква во Буркина Фасо

Папата се моли за жртвите од нападот врз црква во Буркина Фасо

Папата Фрањо се моли за жртвите од нападот врз црквата во Буркина Фасо, за нивните роднини и локалната христијанска заедница.

Светиот Отец ја прими со болка веста од западноафриканската земја, се вели во соопштението на гласноговорникот на Светиот Престол, Алесандро Џизоти. Најмалку пет лица се убиени во неделата во нападот врз протестантска црква. Меѓу жртвите е и пастирот, објавија локалните медиуми. Според нив, вооружени мажи ја нападнале црквата во Силгадиј, на околу 60 километри од градот Џибо во северниот дел на земјата и започнале да пукаат во присутните луѓе, кои биле на неделната богослужба. Нема информации за сторителите и мотивите.

Повеќе од половина од населението во Буркина Фасо припаѓа на исламот, додека околу 30 % се христијани, од кои повеќето се католици.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот