Мајка Тереза во Обединетите нации
По повод 40 годишнината на Обединетите нации организирана е прослава, а Мајка Тереза била почесен гостин. Во таа прилика пред избрана публика на дипломати, политичари и бизнисмени е прикажан првиот филм посветен на животот на Мајка Тереза. Откако филмот завршил и Мајка Тереза се упатила кон говорницата, целата сала станала на нозе и ја придружувале со аплауз.
Главниот секретар на ООН се обратил со сега веќе историските зборови: „Ви ја претставувам најмоќната жена на светот“.
А каква била реакцијата на Мајка Тереза?
За тоа му раскажала на еден свештеник: „Беше прекрасно во Њујорк. Во салата молеа сите, и оние кои дотогаш никогаш не молеле. Им порачав: Оваа важна организација е формирана пред 40 години за да го зачува мирот во светот. Мирот не завладеја. Да се помолиме на Оној кој единстено може да обезбеди мир во светот. Потоа на сите им поделив харија со едноставна молитва на свети Фрањо и ја предводев молитвата до единиот единствен Бог. Зарем тоа не е чудесно?“
Сличен бил нејзиниот коментар и во Осло 1979 година при доделувањето на Нобеловата награда за мир.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк