Света великомаченица Варвара

Света великомаченица Варвара

Денес се празнува света Варвара, христијанска маченичка од 3. век, која според легендата била затворена во кула, сурово малтретирана, на која нејзиниот татко ѝ ја пресекол главата. Верниците ја повикуваат кога се во опасни ситуации по живот, кога е скратена можноста за исповед и болничко елеопомазание, а воедно таа е една од 14 светци помошници во неволја.

Како за многу други светци и маченици од најраните христијански времиња, така и за света Варвара мора да признаеме дека многу малку знаеме за нејзиниот живот и смрт и сме упатени на подоцнежните настанати легенди кои се пренесувале за нејзиниот лик. При тоа, исто така, добро е на ум да го имаме она што вели Ханс Хумелер, кој напиша голема книга за светците, дека верата има различна вредност од разумот. Верата во моќното посредништво на светците ја врстува света Варвара помеѓу 14 големи помошници во неволјите.

Христијанскиот народ ја повикува како заштитница на добра смрт. Знаеме колку многу ја обожувал младиот полски светец Стансилав Костка и го почувствувал нејзиното моќно посредништво во својата тешка болест. Светицата му се јавила во придружба на два ангела, од кои едниот и го причестил, бидејќи неговиот сопственик на куќата, фанатичен протестант, не дозволувал пристап на католички свештеник во неговата куќа. Интересно е што во помош за време на војните света Варвара ја повикувале артилерците и тоа не само католиците туку и протестантите кои донекаде ги обожавале светците. Сеќавањата за неа не згаснале ниту во протестанските земју кога реформата го избришала споменот на многу светци.

Со празникот на света Варвара поврзани се и некои адвентски обичаи. (…) На пример во земјите од германското јазично подрачје на празникот света Варвара отсекуваат гранка од цреша, ја ставаат во вода и на топло, и таа гранка за Божиќ процветува. Така света Варвара е адвенска навестителка која ни го навестува Божиќ, денот во кој процветал најубавиот цвет на дрвото на човештвото, Исус Христос. Тоа веќе било навестено во Стариот Завет од пророкот Исаија: „И ќе потера фиданка од Јесеевата пењушка, и стебло ќе израсне од нејзиниот корен“ (Ис 11, 1).

И света Варвара е прекрасен цвет кој процветал на дрвото на христијанството. Легендата кажува дека била ќерка на Диоскорус, богат трговец за скапоцена облека во градот Никомедија во Мала Азија. Татко ѝ сакал да ја омажи за богат додворувач. Бидејќи била убава, ја чувал како скапоцен камен и пред да оди на едно подолго патување, ја затворил во некоја кула со два прозорци за да не дојде во контакт со христијанството. Кога се вратил, на кулата имало отворено трет прозорец, а на прагот бил омразениот за него знак на крстот. Варавара храбро му признала дека таа наредила тоа да се направи: три прозорци, да ја потсетуваат на тајната на Пресветата Троица, а крстот, да ја потсетува на откупувањето. Татко ѝ збеснал и ја предадел на судот, каде во негова присутност била подложена на тортура. Гледајќи дека девојката била подготвена и на најтешките телесни маки, одлучиле духовно да ја понизаат така што разголена по улиците ја довеле до плоштадот. Слушнувајќи ја нејзината молитва, Бог создал во градот таква магла што потполно се помрачило. Не знаејќи што понатаму, судијата на крајот наредил на маченицата да ѝ ја отсечат главата. Тоа го извршил разгневениот татко. На враќање од местото на мачеништвото на таткото му се случила нешто необично: го погодил гром од ведро небо и ги расфрлил неговите исушени останки.

Гробот во кој маченичката ја погребил младиот христијанин Валеријан наскоро станал централна точка на поклониците кои таму наоѓале утеха за своите духовни и телесни потешкотии. ОбожЧествувањето на света Варвата се проширило низ Европа. Нејзините мошти во почетокот на 11. век Венецијанците ги пренеле во нивниот град, а потоа во градот Торчело, во катедралата на свети Иван Евангелист. Света Варвара се повикува во ситуациите опасни по живот, кога е скратена можноста за исповед и болничкото елеопомазание. Во такви прилики се упатува едноставната молитва: „Направи, Господи, со посредништво на света Варвара пред смртта да ја добијам Светата Тајна на болничкото елеопомазание!“. Заради опасностите на кои света Варвара било изложена, секојдневно се потсетуваат на неа многумина кои рабтаат во тешки и по живот опасни услови. Меѓу нив во прв ред се рударите, кои како на нејзина заштитничка ѝ се обраќаат додека се спуштаат во рудниците. Заради громот кој го усмтрил нејзиниот татко, света Варвара е рангирана меѓу заштитниците од бури и пожари, односно спаѓа меѓу заштитниците на пожарникарите. За тоа во врска со оваа, на нејзините слики честопати се присутни камбаните кои огласуваат опасност. Со тоа станала и заштитница на изработувачите на камбани.

МОЛИТВА до света Варвара за добра смрт:

Света девице Варвара, кога сведочеше со својата крв за светата Исусова вера, тогаш премилостивиот Исус ти вети дека оние кои те повикуваат за помош ќе бидат ослободени од брзата и ненадејна смрт. Затоа помошнице моја, направи Исус да се спомне на пролеаната девствена крв и на твојата горлива љубов и по благодатното свое ветување да не дозволи мојата душа да излезе од моето тело пред да се исчисти со вистинска исповед и со Пресветата Евхаристија да се зајакне за патот во вечноста. Амин.

Битно.нет/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот