Папата за „ужасот“ на родовата идеологија
Родовата иделогија и идеолошката колонизација, проблемот со мигрантите и нивното прифаќање, применувањето на милосрдието и водењето на парохијата во светот кој сèуште е секуларизиран – се некои од темите на кои папата Фрањо разговараше со полските епископи во Краков на 27 јули 2016
Светиот Отец – како што редовно прави кога се среќава со епископи – не сакаше да одржи официјален говор, туку со нив разговараше, давајќи им можност да му поставуваат прашања. Иако најпрво беше замислен како приватен, ватиканскиот весник Осерваторе Романо на 2 август 2016 година објави препис од нивниот разговор.
Секуларизацијата и ереста на духовноста без Христа
Во секуларниот свет постои опасноста од „гностичка духовност“ – рече Папата. Потсети дека апостол Иван силно ги укорувал за „субјективната духовност“ која е „без Христос.“ Најголемиот проблем на секуларизацијата е де-христијанизацијата „одземањето на Христа, одзамењето на Синот. Се молам, чувствувам… и ништо повеќе. Тоа е гностицизам“ – истакна папата Фрањо. Се работи за ерес во барањето на „Бог без Христос, народот без Црква.“ Резултатот од тоа е „Црквата односно подобро кажано христијаните, народот кој е сирак.“
Како одговор на тоа, Светиот Отец им предложи на епископите да бидат блиски до луѓето, а посебно до своите свештеници. Им препорача да размислуваат за „двата столба од Евангелието“: блаженствата и „протоколот“ според кој ќе бидеме судени од 25-тата глава во Евангелието според Матеј. Ги советуваше да обратат внимание на „делата на милосрдието: да допрат, поучат, утешат; да го изгубат времето“ помагајќи им на другите да се вратат на светата тајна Исповед. Како пример им го даде свети Иван Павле II и неговиот апостолат со студентите и уште еднаш ја нагласи важноста на бабите и дедовците како „сеќавање на народот, сеќавање на верата и сеќавање на Црквата.“
Идолопоклонството на парите во центарот на корупацијата и војните
Зборувајќи за милосрдието рече дека Исус нè спаси со „телото“ и дека и ние мораме така да правиме – „не поаѓајќи од стравот.“ Како главна идеологија која е во центарот на „корупцијата и војните“, папата Фрањо ја наведе „идеологијата на парите“: на местото на мажите и жените како врв на созданието се ставени парите. „Не се грижиме за создаденото! И тоа значи повеќе сиромаштво, повеќе корупција“ – рече Светиот Отец потсетувајќи дека поголем дел од светското богатство се наоѓа во рацете на малцинство, а жртва на тоа е „народот, Божјиот народ: експлоатирани девојки, млади без работа.“ Во тој контекст ја спомна Италија со повеќе од 40% млади невработени , во Шпанија 50%, а во Хрватска 47%.
Сегашната економија е „погодена од корупцијата“ – рече наведувајќи како пример дека е можно да се заработат големи суми пари со трговијата преку компјутер за помалку од 20 минути. Освен тоа Папата ја осуди „верската неписменост“ и барањето на спасението во „празноверие“, „релативизамот кој ги меша работите.“ На тоа треба да се спротивставиме со „катехезата на животот“, што вклучува „следење во одењето“, придружување во растот на верата. Секогаш треба да бидеме „Црква во излегување.“ – истакна папата Фрањо.
„Парохијата е напорна, но Господ нè повикува на напорна работа“
Освен тоа нагласи дека „парохијата и понатаму е добар“ модел и „структура која не смее да се фрли низ прозорец“. Парохијата е домот на Божјиот народ. Проблемот настанува кога парохиските канцеларии – како што кажа – „наликуваат на „сатански ученици“ кои го плашат народот“ кога се среќаваат „парохии со затворени врати.“
Призна дека е „напорно да се грижиш за Божјиот народ“, но кажа дека сепак треба да се има „отворена врата“. „Да се биде парох денес е заморно“, но Господ нас и нè повика „малку да се измориме, да работиме, а не да се одмораме.“ Папата Фрањо рече дека „обновата на парохијата треба да биде една од работите која епископот ја има пред очите.“ Посебно ја истакна важноста за исповедувањето. Во парохиите – рече Папата – „ако има исповедилница со запалено светло, народот секогаш оди. Секогаш!“ Тоа е „парохија која прифаќа“. Напомена дека црковните движења „не треба да бидат алтернатива на парохијата“ туку „треба и помагаат и да ја носат напред.“
Како пример на „парохија во излегување“ ја наведе ситуацијата во Аргентина каде што е обичај свршениците прво цивилно да се венчат, а потоа и црковно. Меѓутоа многумина не стапуваат во брак во црква затоа што немаат пари за голема прослава. Но, свештениците го предомислуваат па им велат: „Не, не! Јас ќе те чекам!“ „Тој ден цивилно стапете во брак во 11,12, 13, или 14 часот: тој ден нема да правам сиеста!“ И по цивилното стапување во брак доаѓаат во црквата се венчаваат и си одат во мир.
Проблемот со бегалците: што е апсолутно, а што релативно?
Се осврна и на проблемот со бегалците и мигрантите: „Зборувам за оние кои доаѓаат кај нас: бегаат од војната, од гладта.“ Според папата Фрањо проблемот е во „искористувањето на народот и земјата“, за да се заработат пари. Постојат „идеолошки“ и „вештачки војни кои ги подготвиле трговците со оружје кои од тоа живеат,“ кои даваат оружје и на едната и на другата страна. Затоа светиот Отец ја гледа корупцијата како основна причина за актуелната бегалска криза.
Зборувајќи за тоа што во тој контекст треба да се направи рече дека секоја земја „треба да види како и што.“ „Не се сите земји исти“ – рече Папата. „Ги немаат сите држави истите можности. Да, но имаат можност да бидат великодушни! Великодушни како христијани. Не можеме да интевренираме таму, но за овие кои доаѓаат… Колку и како? Не може да се даде универзален одговор затоа што прифаќањето зависи од ситуацијата во секоја земја како и од културата.“
Но, сигурно може да се направи многу. На пример молитва: еднаш неделно – обожавање на Пресветата Тајна Евхаристија со молитва за оние кои чукаат на вратата на Европа и не успеваат да влезат“ – рече Папата. Покрај тоа истакна дека постојат земји кои успеале во проектот на интеграција додека во другите држави се формирале гета. Потребна е „реформа на светско нивно“ по прашањето за прифаќањето. „Но во секој случај тоа е релативен аспект: апсолутно отворено срце и прифаќање. Тоа е апсолутно! Со молитва, со посредување прави она што можеш. Тоа е релативен начин на кој тоа можеш да го правиш: не можат сите тоа да го прават на ист начин“ – рече папата Фарњо.
„Ужасот“ на родовата идеологија во училиштата
Исто така многу силно ја осуди родовата иделогија. „Во Европа, во Америка, во Латинска Америка, во Африка, во некои азиски земји постои вистинска идеолошка колонизација. И една од нив – ја кажувам јасно со „име и презиме“ – е родовата идеологија! Денес децата – децата! – во училиштата за тоа учат: дека секој може да го избере својот пол. А зошто тоа го учат? Затоа што имаат книги од луѓе и институции кои даваат пари. Тоа е идеолошка колонизација која поддржуваат и имаат голено влијание на земјата. И тоа е „ужасно“ – рече Светиот Отец.
Им кажа на епископите дека папата Бенедикт еднаш му напоменал дека живееме „во период на гревот против Бог создателот.“ „Бог создаде машко и женско; Бог го создаде светот таков и таков, а ние правиме спротивно.“ Нагласи дека од некултивираната состојба обликуваме култура за потоа со таа култура повторно да се вратиме на некултивираност.
„Молитвата преместува планини“
Осврнувајќи се на крајот уште еднаш на проблемот со мигрантите рече: „Проблемот е таму, во нивната земја. Но како да ги прифаќаме? Секој треба да види како. Но сите можеме да имаме отворено срце и да размислиме во парохиите да се организира еден час неделно обожавање и молитва за мигрантите. Молитвата преместува планини!“
РВ/к.мк