Папата: Светоста е слово Господово овоплотување во историјата

Папата: Светоста е слово Господово овоплотување во историјата

Светиот Отец на 12 декември 2019 година ги прими во аудиенција членовите на Конгрегацијата за прогласување на светци по повод 50-годишнината од нејзиното основање

Светиот Отец вчера ги прими во аудиенција членовите на Конгрегацијата за прогласување на светци по повод 50-годишнината од нејзиното основање. Свети Папа Павле VI одлучи во 1969 година, да ја замени Конгрегацијата за прогласување на свети обреди со две различни дикастерии; Конгрегација за прогласување на светци и Конгрегација за богопочитување – рече папата Фрањо и истакна: Задачата на првата е признавање на светост на оние кои верно го следеле Христос.

Конгрегацијата во тие 50 години ги испита податоците на голем број кандидати за светост за да ѝ ги даде на Црквата како пример за христијанскиот живот – рече Папата и напомена: Многуте прогласувања за блажени и светци кои ги славевме во последните десетлетија значат дека светците не се недостижни човечки суштества, туку дека ни се блиску и дека можат да не поддржат на патот на животот. Имено, тоа се личности кои ја искусиле маката на секојдневниот живот со своите успеси и неуспеси, пронаоѓајќи ја силата во Господ секогаш да се остварат и да одат понатаму по Неговиот пат.

Секој светец претставува еден проект на Отецот, воплотување и во одреден историски момент евангелска димензија, слово Господово – рече Светиот Отец и забележа: Затоа е важно да имаме различни видови на светци. Освен тоа, светоста секогаш го прати животот на Црквата, честопати и на скриен начин. Затоа мора да научиме трпеливо да гледаме на светоста кај Божјиот народ; кај родителите кои ги воспитуваат своите деца со многу љубов, кај мажите и жените кои работат за да ги прехранат своите семејства, кај болните,  како и кај старите монахињи кои и понатаму се насмевнуваат. Тоа често е светост на оние кои се во наша близина и кои се одраз на Божјато присуство.

Светоста е вистинско светло на Црквата и задача на Конгрегацијата за прогласување на светци е да ги провери различните начини на херојска светост, како што е најскриената – рече папата Фрањо и продолжи: Се работи за проверка која секојдневно ја прави вашата дикастерија и кој уште од дамнешно време внимателно и сериозно ја правеше, преиспитувајќи ги изворите, документите и секој суд за можно мачеништво, на херојските доблести, на дарување на живот и на чудата. Станува збор за основните критериуми кои бараат сериозност на предметот со кој се занимава законодавството и праведното очекување на Божјиот народ кој се доверува на застапништвото на светците и се инспирирани од нивниот пример на живот.

Членовите на Конгрегацијата мора бидат потполно сигурни за прогласувањето на светци – рече Папата и додаде: Советниците и стручњаците мора да ја вршат својата работа со потполна слободна совест. Секогаш треба да бидеме свесни за специфичните цели на тие процеси, а тоа се Божјата слава и духовно добро на Црквата кои се тесно поврзани со барањето на вистина како и евангелска совршеност. Постулаторите, кои ја покренуваат и ја собираат маетријата за процес на прогласување, не смеат да дозволат да се водат од материјални видувања, економски интереси како и барање на сопствена промоција, туку мораат да бидат свесни за духовниот карактер на тој процес.

Процесите мора да се одвиваат со евангелска чувствителност и морална строгост. Потребно е чудо затоа што токму таму е прстот на Бога. Без јасен Господов зафат не можеме да напредуваме во процесот на прогласување на светци. Светост е потреба на секој кој е крстен и е прва задача не неговото послание – заклучи Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот