Папата повторно повика да запрат насилствата во Мјанмар

Папата повторно повика да запрат насилствата во Мјанмар

И јас клекнувам на улиците на Мјанмар и велам: запрете го насилството! И јас ги подавам рацете и велам: нека надвладее дијалогот! – рече папата Фрањо во својот апел во средата, 17 март, на крајот од редовната Генерална аудиенција.

Уште еднаш, и со многу тага во моето срце, чувствувам итна потреба да потсетам на драматичната состојба во Мјанмар, каде многумина, особено млади луѓе ги губат своите животи за да дадат надеж на својата земја. И клекнувам на улиците на Мјанмар и велам: запрете го насилството! И јас ги подавам рацете и велам: нека надвладее дијалогот! Крвта не решава ништо. Нека победи дијалогот! – рече Папата во својот апел.

Ова е втор пат овој месец како за време на Генералната аудиенција Папата упатува апел за Мјанмар, кој е зафатен од судири на полицијата и војската со протестантите против пучот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот