Ватикан: Нова одредба на Папата за основање јавни вернички друштва со епископско право

Ватикан: Нова одредба на Папата за основање јавни вернички друштва со епископско право

Дијацезантскиот епископ мора „да добие писмено одобрение од Дикастеријата за институциите за посветен живот и дружби за апостолски живот“ пред да издаде одлука за основање на јавно верничко друштво со епископско право се наведува во rescriptum ex audientia, на Светиот Отец со датум 15 јуни.

„Дијацезантскиот епископ пред да основа со одлука (декрет) јавно верничко друштво со цел да стане институција за посветен живот или дружба за апостолски живот со епископско право мора да добие писмена дозвола од Дикастеријата за институциите за посветен живот и дружби за апостолски живот“, гласи новата одредба објавена во дневниот билтен на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Rescriptum ex audientia на Папата стапува на сила со објавата во ватиканскиот службен весник L’Osservatore Romano, се вели во рескриптот кој го потпиша префектот на Дикастеријата за институциите за посветен живот и дружби за апостолски живот, кардинал Жоао Браз де Авиз кој новата одредба ја поднесе до Папата на одобрување на аудиенцијата на 7 февруари.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот