Папата служеше света Литрургија за обединување на Кореја

Папата Фрањо се збогува со Јужна Кореја. Неговиот авион од корејската воздухопловна база полета во 13.00 часот по локално време, во 6.00 часот по средноевропско, а на римскиот аеродром Чампино слета на 18 август 2014 година 17.45, од каде што Папата со хеликоптер стигна во Ватикан.

Третото апостолско патување на папата Фрањо заврши во Сеул со еден од најмногу очекуваните настани, света Литургија за помирување на Корејскиот Полуостров, служена во речиси најстарото место на корејската вера во првата катедрала во Мејдонг. Во проповедта Светиот Отец повторно истакна дека Корејците се членови на едно семејство; дијалогот може да ги надмине разликите – одлучно нагласи Светиот Отец.

Да молиме за нови можности за дијалог, средба и надминување на тешкотиите, за постојана великодушност пружење на хуманитарна помош на оние во потреба и за се поголем раст на свеста дека сите Корејци се браќа и сестри, членови на едно семејство и еден народ. Зборуваат ист јазик – кажа Папата.

Во катедралата Светиот Отец ја предводеше Литургијата за мир и помирување во Кореја и за мир во светот. Пред верските лидери и Претседателката на Републиката, Папата кажа дека помирувањето е божествен дар, единството и мирот неразделно се поврзани со милоста на преобраќање и дека пророчката сила Христова на крстот ја отстранува секоја поделба, ја исцелува секоја рана и го обновува сојузот на братската љубов.

Во поделбата на Корејскиот Полуостров, разделени се синовите на една земја, политиката го оддели северот од југот. Но, тоа искуство му помогнало на народот подобро да ја сфати драмата на поделбата. Единствено со великодушно заземање за општото добро може да се надминат тешкотиите и да се постигне позитивен исход; што би било причина за радосна надеж за човештвото – рече папата Фрањо.

Папата сака за единството да се заземаат христијаните, следбениците на другите религии и сите мажи и жени со добра волја, на кои им е до иднината на општеството. Освен тоа, Папата изрази „лично“ признание на корејските свештеници за нивното каритативно заземање кое придонесува за изградувањето на Кореја.

Вашиот пример на великодушна љубов кон Господ, вашата верност и приврзаност на свештеничката служба, како и вашето каритативно заземање за сите кои се во потреба, значително придонесува за дејствување на помирување и мир во ова земја – рече Светиот Отец.

Папата на крајот посака дијалогот и размената на добра да придонесат за помирување на населението во Северна и Јужна Кореја, обединување на повеќе од половина век разделеното семејство и да се обнови стабилноста и благосостојбата на целиот Корејски Полуостров.

Нека Христовите следбеници ја подготват зората на новиот ден, земјата со „мирно утро“ да може да ужива во најбогатиот божествен благослов на хармонија и мир – посака папата Фрањо, кој пред светата Литургија се сретна со верските лидери.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот