Во среда Папата Фрањо продолжува со Генералните аудиенции

Во среда Папата Фрањо продолжува со Генералните аудиенции

Минатата среда, Генералната аудиенција беше одложена за да му се овозможи на Папата да продолжи со опоравувањето од операцијата на која беше подложен во римската поликлиника Гемели.

Во среда, на 28 јуни, папата Фрањо повторно ќе биде на плоштадот Свети Петар и ќе одржи Генерална аудиенција – соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Минатата среда, на 21 јуни, аудиенцијата беше одложена за да се овозможи постоперативното закрепнување на Светиот Отец, како што рече портпаролот Матео Бруни на денот кога Папата ја напушти поликлиниката Гемели, каде што му беше извршена лапаротомија и пластична операција на абдоминалниот ѕид со протеза. Досега Папата ги одржа сите планирани аудиенција, како и неделните пладневни обраќања.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот