Видео порака на Папата до образовниот форум во Дубаи
„Творци на хуманоста, градители на мирот и на среќавањето“, тоа го истакна папата Фрањо во видео пораката до учесниците на четвртиот Глобален форум за образование, кој се одржа од 11 до 13 март во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.
Настанот, на тема „Поголема колективна одговорност за јавното образование“, беше организиран од непрофитната фондација „Варкеј“ со седиште во Лондон, формирана со цел да се подобрат образовните стандарди за деца кои се во нерамноправна положба во светот.
Кон оваа фондација Папата ја упати својата благодарност, охрабрувајќи ги професорите од целиот свет во нивните напори да „создадат одржливо глобално општество“, во соработка со Scholas Occurrentes, меѓународната мрежа на училиштата, формирана во Аргентина, на иницијатива на Папата, кој во тоа време беше архиепископ на Буенос Аирес и мрежа која работи „во корист на интеграцијата и мирот во светот.“ „Заедно можеме да им го дадеме на воспитувачите и предавачите заслуженото признание за нивните најголеми заслуги и влијание врз нашите животи и да ја вратиме заслужената положба на најпочитувана професија во општеството.“
За време на форумот, беше врачена наградата „Предавач на 2016“ на палестинската професорка Анан Ал Хруб. Израсната во бегалски камп, Анан создава методологија на учење врз основа на играта, со цел да им се помогне на младите да ги надминат трауматизираните ситуации и да ги едуцираат за мир. Во честитката до неа за „престижната награда“, Папата истакна дека „секое дете има право да игра и дека, дел од образованието е да ги научиме децата да си играат, бидејќи токму во играта тие се учат на комуниција и на радоста од животот“.
РВ/В.Н.