Трогателно писмо на еден дедо
Њуројшкиот писател Џејмс К Фланаган кратко пред смртта на своите внуци им напишал трогателно писмо за најголемите животни вредности. Флаган умрел кратко по составувањето на писмото, на јавноста од неодамна го претстави неговата ќерка Рејчел. Освен неговите роднини и внуци, од кои најмладиот има 5, а најстариот 11 години – писмото го воодушеви целиот свет. Прочитајте го!
Драги Рајане, Коноре, Брендоне, Чарли и Мери Кетрин, мојата драга и мудра ќерко Рејчел бараше од мене да ви напишам некои совети, оние кои сум ги научил во животот.
Го пишувам ова писмо на 8 април 2012 година, точно на својот 72 роденден
- Секој од вас е најубавиот дар од Бог за вашето семејство и за целиот свет. Запомнете го ова засекогаш, посебно кога се сомневате во себе и кога сте обесхрабрени.
- Не плашете се од никого и од ништо и живејте во потполност. Следете ги своите желби и надежта без оглед на тоа колку се тешки и колку се разликуваат од туѓите. Луѓето често не го работат она што го сакаат или што би требало, бидејќи постојано размислуваат што другите ќе мислат или ќе кажат. И запамтете уште една важна работа – луѓето кои не ви носат супа кога сте болни или ако не се покрај вас кога сте во неволја не се важни!
- Сите ние сме сосема обични луѓе. Некои носат премногу скапа облека или имаат големи титули или моќ и мислат дека се над сите останати, но не е така. Тие ги имаат истите сомнежи, стравови и надежи, јадат, пијат, спијат и прдат како и целиот нормален свет.
- Кога ќе пораснете и ќе добиете деца, секогаш имајте ја на ум старата ирска поговорка: Фалете ги децата и тие ќе цветат!
- Бидете добри и секогаш помагајте им на луѓето – посебно на слабите, оние кои се исплашени и на децата. Сите тие носат некоја своја тага и потребна им е вашата сочувствителност.
- Немојте да се придружите на војската или на било која друга организација која ве тренира да убивате. Војната е зло. Сите војни ги започнале старите луѓе кои ги измамиле младите мажи да се мразат и да се убиваат едни со други. Старците ќе преживеат и како што ја започнале војната со молив и хартија, ја завршуваат на истиот начин.
- Читајте книги колку што можете. Тие се прекрасен извор за уживање, мудрост и инспирација.
- Секогаш бидете искрени.
- Патувајте колку што можете, посебно додека сте млади. Не чекајте да имате доволно пари или додека сите коцки не се сложат. Тоа никогаш, ама никогаш не се случува.
- Изберете работа или професија која ќе ја сакате. Секако, ќе има и тешки моменти, но работата мора да ви биде уживање.
- Не викајте! Тоа никогаш не успева, а ве повредува и вас и другите. Секој пат кога сум викал сум доживувал неуспех.
- Секогаш исполнувајте ги ветувањата кои сте ги дале на децата. Немојте да зборувате „ќе видиме“ ако знаете дека одговор е „не“. Децата ја очекуваат вистината дадете им ја со љубов и добрина.
- Никогаш не зборувајте некому дека го сакате ако не е така.
- Живејте во хармонија со природата: излезете надвор, посетете ја шумата, планините, морето, пустина. Тоа е многу важно за душата.
- Прегрнувајте ги луѓето кои ги сакате. Кажете им сега колку ви значат, не чекајте за да биде премногу доцна.
Битно нет/Д.И.