Крстниот пат на нашата Црква

Вовед

Црквата е заедница на верници која ја основа Исус Христос. Вечниот Отец со слободна и тајна одлука на својата мудрост и добрина го создава сиот свет и одлучува луѓето да ги направи учесници во својот Божествен живот. Тој ги повикува сите луѓе во својот Син, сите оние кои веруваат во Христа, Отецот одлучува да ги повика во светата Црква. Тоа Божјо семејство се воспоставува и се остварува постапно низ етапите на човековата историја според распоредот на Отецот: навистина, Црквата е прикажана во слики од почетокот на светот прекрасно приправена во историјата на Израелскиот народ и во Стариот завет, воспоставена во овие последни времиња евидентно со доаѓањето на Духот и на крајот на вековите ќе биде славно довршена. Собирањето на Божјиот народ почнува во оној момент кога гревот го руши заедништвото на луѓето со Бог и на луѓето меѓусебно. Собирањето е Божјо отстапување кон поматувањето кое е предизвикано од гревот. Тоа повторно соединување се остварува таинствено во крилото на сите народи. Во секој народ на Бога му е мил оној кој се бои и твори правда – пишува во Делата Апостолски. Понатамошната подготовка за собирање на Божјиот народ почнува со повикот на Аврам на кого Бог му ветува дека ќе стане Татко на голем народ. Непосредната подготовка почнува со изборот на Израел како Божји народ. Со изборот Израел треба да биде знак на идното собирање на сите народи, но веќе праотците го оптужуваат Израел дека го раскинува Сојузот и дека се однесува како блудница (Oсија 1). Тие (праотците) го навестуваат Новиот и Вечен Сојуз, тој нов Сојуз го воспостави Христос.

Задача на Синот е во полнотата на времето да го изврши спасоносниот план на Отецот. Тоа е заложбата на неговото послание. Господ Исус Христос го даде почетокот на својата Црква проповедајќи ја радосната вест т.е. доаѓањето на Царството Божјо кое во Писмата од векови било ветено. За да ја исполни волјата на Отецот Христос го основа Царството Небесно на земјата. Црквата е „Христово Царство веќе присутно во таинството“. Тоа Царство на луѓето јасно се манифестира во зборовите, делата и присутноста Христова. Да се прифати Исусовото слово значи да се прифати самото Царство. Никулец (зачеток) и почетокот на Царството е малото стадо од оние кои Исус дојде да ги собере околу себе и на кои самиот тој им е Пастир. Тие го сочинуваат вистинското Исусово семејство. Оние кои така ги собра околу себе, ги учеше на нов начин на однесување и како да се молат. Господ Исус ја опреми својата заедница со Тројството кое ќе трае до потполното остварување на Царството. Тука пред сè е изборот на Дванаесетмината со Петар како глава. Дванаесетмината и другите ученици учествуваат во Христовото послание во неговата власт, но и во неговата судбина. Со сите тие акти Христос ја подготвува и гради својата Црква. Но Црквата е родена пред се од Христовото потполно предавање за наше спасение, антиципирано во основањето на Евхаристијата а довршено на Крстот. Почетокот и растот на Црквата се означени со крвта и водата што протекоа од отворените слабини на распнатиот Христос. Од слабините Христови заспан на крстот протече чудесното таинство на Христовата црква. Како што Ева беше обликувана од реброто на заспаниот Адам, така и Црквата е родена од прободеното срце на Христос распнатиот на крстот.

Кога беше довршено делото кое Отецот му го довери на Синот да го изврши на земјата, на денот на Духови го прати Светиот Дух за непрекинато да ја посветува Црквата. Тогаш Црквата пред мноштвото јавно се покажа, а со проповедањето започна да се шири Евангелието. Со оглед на тоа дека Црквата е „свикување“ на сите луѓе за спасение, по својата природа таа е мисионерска, од Христос пратена кај сите народи за од нив да направи ученици. За Црквата да го оствари своето послание, Светиот Дух ја поучува и води преку разни хиерархиски и каризматски дарови. Така, Црквата исполнета со дарови од својот Основател и верно вршејќи ги неговите заповеди на љубовта, понизноста и самовоздржаноста го прима посланието да го навестува Христовото и Божјо Царство. И на сите народи им го востановува и сочинува никулец и почеток на Царството на земјата (спр. ККЦ 759-768). (продолжува)

Категорија: Uncategorized, Македонија

За авторот

Write a Comment

<