Папата Фрањо: Денешната култура гладна за евангелското навестување

„Студии, истражување, граници“ – беа трите главни зборови кои папата Фрањо ги упати во пораката до младите од Сојузот на италијанските католички универзитети, на вонредниот конгрес организиран по повод претстојната беатификација на папата Павле VI, оваа недела, 19 октомври. Целта на средбата, која се одржа во Арецо од 16 до 18 октомври, беше да се потсетат на папата Монтини на годините кога тој беше главен асистент за Сојузот на католичките универзитети, од 1925 до 1933 година, дискутирајќи на темата Во духот и вистината (In spiritu et veritate). Сведоштвотото на Џовани Батиста Монтини на универзитетите и во современата култура“.

Првиот збор кој Папата го упати на младите беше „студии“ – „Суштината на универзитетскиот живот“ – пишува Папата во пораката – „почива во студиите, напорот и стрпливоста на мислењето кои му го откриваат на човекот правецот до вистината, доброто и убавото.“ „Немојте да се навикнете – поттикнува Светиот Отец Фрањо – на нецелосни вистини и утешни илузии, туку во студиите прифаќајте ги секогаш во потполност разбирањата на реалноста. Како би го направиле тоа, потребна ви е понизноста во слушањето и далекусежна визија. Да се студира не значи да ја присвоиме реалноста како со неа би манипулирале, туку да дозволиме таа да ни говори и да ни открие нешто; често пати и за нас самите. Затоа студирајте храбро и со надеж.“

Вториот збор е „истражување“. „Начинот на вашите студии“ – пишува Папата – „се состои во истражувањето, дијалогот и соочувањето“, а Сојузот на католичките универзитети „секогаш ја познаваше понизноста на истражувањето, ставот на молчењето со прифаќањето на непознатото… па и покажувањето на сопствената отвореност и подготвеност да оди со сите оние кои копнеат за вистината.“

„Истражувањето се одвива континуирано, постанувајќи средба со тајната која се отвора на верата: Истражувањето ја прави можна средба на верата, разумот и науката, овозможувајќи им соодветен дијалог, плодна размена која е свесна и ги прифаќа ограничувањата на човечкото сфаќање и затоа и дозволува научно да се истражува во слободата на совеста. По оваа метода истражувањето може да достигне амбициозна цел: да се зарани раздорот меѓу Евангелието и современоста, преку културата, преку посредување кое – не негирајќи ги културните разлики, туку наспротив збогатувајќи ги – може да овозможи позитивен хоризонт на напредокот.“

„Културата од денешно време е гладно за навестувањето на Евангелието; треба да биде оживеана со храбри и смели сведочења“, рече папата Фрањо, потсетувајќи на она што напиша Павле VI: “Идеите го водат човекот и во него создаваат моќ. Човек кој е без идеи е човек без своите карактеристики.“

Третиот збор е „граница“. „Универзитетот“ – се вели во пораката на папата Фрањо – „е граница која ве чека, периферија на која го прифаќате и го лекувате сиромашното постоење (егзистенција) на човекот.“ Среќавајќи се со други луѓе – пишува Папата – „го чувствувате ’мирисот’ на денешните луѓе, до тој степен што во вас се втиснуваат нивните радости и надежи, нивните таги и болки. Никогаш не поставувајте бариери кои, со намера да ги одбраните границите, не дозволувате да се сретнете со Господ.“ Наместо тоа, „ширете надеж и отворете го својот труд на другите, отворете се секогаш за дијалог. Ќе можете да ги надминете конфликтите меѓу народите само ако успеете да ја одржувате културата на средбата и братството. Ве охрабрувам да продолжите да го донесувате Евангелието на универзитетот и културата во Црквата“ – рече на крајот Папата.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот