Папата го предводеше бдението за Синодата: Во Евангелието е спасението
Папата Фрањо во сабота 4 октомври на плоштадот Свети Петар го предводеше молитвеното бдеење во пресрет на почетокот на вонредната Епископска синода посветена на семејсвото и по тој повод им се обрати на десетиците илјади верници со следните зборови:
„Над нашата средба веќе се спушта ноќта. Тоа е време кога доброволно се враќаме дома, за да седнеме на иста маса, срдечно, во озрачјето на направените и примените добра; средба што ни го грее срцето и прави да растеме; доброто вино кое на човековите денови им дарува предвкус на славење кое не го познава залезот. Тоа е воедно и најтежок час за онаа личност која е соочена со личната осаменост, во горкиот мрак на скршените сништа и потфати: колку лица деновите ги поминуваат во слепа улица на отфрленост, напуштеност, дури и во омраза; во колку само домови почнува да недостига виното на радоста, а со тоа и вкусот на самата животна мудрост… “
„Да го подигнеме вечерва и за едните и за другите гласот на молитвата, молитва за сите. Впечатливо е тоа што дури и во индивидуалистичката култура што искривува и прави минливи поврзувачи, во секое лице родено од жена, останува жива важната потреба на стабилност со отворени врати; потреба за некој со кој може да се развива и да се подели животната приказна; историја на припадност. Заедништвото на животот на сопружниците, нивната отвореност кон дарот на живот, взаемната грижа и меморија на потомството, образовната подршка, пренесувањето на христијанската вера на сопствените деца: со сето тоа семејството за човештвото останува училиште без ривал, непрестан допринос за праведно и солидарно општество“ (Evangelii Gaudium, 66-68).
„И колку се подобри нејзините корени, полесно е да се излезе и да се отиде, а да не се загубиме или да се почуствуваме странци во некоја земја. Овој поглед ни помага да го сфатиме значењето на Синодата што почнува во недела. Веќе заедништвото околу Римскиот бискуп е милост, во која се покажува епископската колегијалност на патот на духовното и пасторалното одлучување. За потрагата по она што Господ го бара од Црквата, треба да го почуствуваме отчукувањето на ова време и да го почувствуваме мирисот на денешните луѓе, сѐ до навлегување во нивните радости и надежи, нивните јадови и тешкотии (Gaudium et spes, 1). Тогаш ќе знаеме веродостојно да им ја предложиме на семејствата радосната вест. Впрочем, знаеме дека во Евангелието постои сила и нежност што се способни да го надвладеат она што создава несреќа и насилство.“
„Да, во Евангелието е спасот кој ги утешува и најдлабоките човечки потреби! За тоа спасение, ние како Црква сме знак и орудие, жива и делотворна света Тајна (Evangelii Gaudium, 112). Кога не би било така, нашата зграда би била само кула од карти и пастирите би се сведеле на државни службеници,од чии усни луѓето залудно ги бараат свежина и мирисот на Евангелието (Evangelii Gaudium, 112).“
„Во тоа озрачје се надзира и нашата молитва. За синодските отци, од Светиот Дух барам, пред сѐ, дар на ослушување: ослушување на Бога, за заедно со Него, ја слушнат молбата на народот; да ги ослушнат луѓето, сѐ додека вам не ви ја надахне волјата со она што нѐ вика. Освен ослушувањето, повикуваме и доброволно, искрено, отворено и братско соочување, кое нас ќе не поведе во одговорна ангажираност околу прашањата кои во овие променливи времиња ги носат со себе. Да допуштиме во нашите срца да се врати ангажираноста, не губејќи го никогаш мирот, туку со ведра преданост, дека Бог во свое време ќе донесе единство.“
„Не нѐ повикува ли можеби Црквата,како што знаеме, на не многу слични ситуации, кои нашите татковци биле во состојба да ги надминат со постојана трпеливост и креативност? Тајната лежи во погледот, кој е третиот дар што сакаме да го испросиме со својата молитва. Доколку сакаме навистина да го провериме нашиот чекор на подрачјето на современите предизвици, пресуден е условот очите да ни бидат упатени во Исуса Христа, Светлото на народите, во набљудувањето и поклонувањето пред неговото лице.“
„Ако го прифатиме Неговиот начин на размислување, живеење и однос кон другите, нема да ни биде тешко работата на синодата да ја преточиме во упатства и делување во корист на пасторалот на луѓето и семејството. Впрочем, секој пат кога се враќаме кон христијанските извори, ни се отвораат нови патишта и незамисливи можности. Тоа е она на што ни укажува евангелскиот поттик: „Што и да ви каже, направете“ (Ив. 2,5).“
„Зборовите се оние што ја содржат во духовната порака на Марија, „вечно внимателната пријателка, за да не ни снема вино“ (Evangelii Gaudium, 286). Ние да го направиме нашето! Во овој момент тоа се три работи: ослушнувањето и соочувањето со семејството, кое е толку сакано во Исусовите очи да станат провидноносен повод за обнова на Црквата и општеството, по примерот на свети Фрањо. Со радоста на Евангелието повторно ќе го пронајдеме патот до помирувањето и милосрдието на Црквата, сиромашна и сиромашна пријателка на сиромашните; Црква која е во состојба со трпение и љубов, да ги надвладее искушенијата од внатрешните и надворешните потешкотии“ (Lumen gentium, 8).
„Ветрот на Педесетница да се задржи над работата на Синодата, над Црквата и целото човештво. Да ги разврзе чворовите кои ја спречуваат средбата меѓу луѓето; да ги излечи раните што крварат, ширејќи надеж; толку луѓе се без надеж! Да ни подели творечка љубов која ќе не оспособи да се сакаме како што нѐ сака Исус. И нашето навестување повторно ќе ја добие живоста и динамизмот од првите навестители на Евангелието.“
РВ/В.Н.