Ангел Господов: Да учиме од Божјата љубов

Ангел Господов: Да учиме од Божјата љубов

Во недела, 29 октомври 2023 година, папата Фрањо ја молеше молитвата Ангел Господов од прозорецот на својата работна соба во Апостолската палата со верниците и ходочесниците собрани на плоштадот Свети Петар.

Во неделната молитва Светиот Отец се осврна на големата заповед, која е средишниот дел на неделното Евангелие.

На прашањето која од заповедите е најголема, Исус одговара: „Возљуби Го Господа, Твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли; и својот ближен како себеси!”

Папата се фокусираше на два елементи од тој пасус: прво, фактот дека љубовта кон Бога се споменува на прво место и, второ, имплицираната врска помеѓу љубовта кон Бога и љубовта кон ближниот.

Да научиме да љубиме

Тоа што љубовта кон Господ е на прво место, нагласи Папата, нè потсетува дека Бог секогаш ни претходи, дека нè очекува со својата бескрајна нежност.

Така, како што децата учат да сакаат преку љубовта што ја имаат нивните родители кон нив, така и ние можеме да научиме да љубиме преку Божјата љубов кон нас.  На тоа, мисли свети Павле кога пишува дека Христовата љубов има сила да нѐ гони во љубовта, рече папата Фрањо.

Стануваме навистина способни да љубиме, истакна Светиот Отец, само со средба со него, препуштајќи се на Неговата љубов. Значи, да не се противиме: секој ден да му ги отвораме нашите срцата на Господа.

Одраз на Божјата љубов

Друг аспект на заповедта за која размислуваше Папата е врската помеѓу љубовта кон Бога и љубовта кон ближниот.

Љубејќи ги нашите браќа и сестри, продолжи тој, ја одразуваме љубовта на Отецот како огледало. Да се одрази Божјата љубов, тоа е поентата – да го сакаме Оној Кого не го гледаме како братот или сестрата што ги гледаме.

Како можеме да сакаме толку многу? Преземајќи го првиот чекор, предложи Папата, како што тоа го прави Бог со нас. Понекогаш, додаде тој, не е лесно да се направи првиот чекор, да се заборават работите, но ајде да го направиме тоа.

Заклучок

Како заклучок, папата Фрањо на верниците собрани на плоштадот Свети Петар им предложи неколку прашања за лично размислување.

Да се запрашаме, рече тој, дали сме му благодарни на Господ што нè сака? Дали ја чувствуваме Божјата љубов? Дали се обидуваме да ја одразиме Неговата љубов? Дали се трудиме да ги сакаме нашите браќа и сестри?

Пресвета Богородица нека ни помогне во секојдневниот живот да ја живееме големата заповед на љубовта: да љубиме и да дозволиме Бог да не сака, рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот