За време на својата фудбалска кариера заработувал 600.000 фунти годишно.
Во доминиканската црква Светиот Спасител во Даблин поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, доминиканецот Филип Мулрин, е ракоположен за свештеник.
Овој 39 годишник, кој за време на својата фудбалска кариера заработувал 600.000 фунти годишно, исто така дал и завет на сиромаштво, кој е карактеристичен за доминиканскиот ред. Во октомври минатата година, поранешната фудбалска ѕвезда е ракоположен за ѓакон.
Кога имал 14 години, извидници од Манчестер Јунајтед го воочиле отец Мулрин, додека играл за својата парохиска фудбалска репрезентација Свети Оливер Плункет. Мулрин доаѓа од системот на млади на Манчестер Јунајтед, а за тој голем клуб играл во 1997 година за време кога тренер бил Сер Алекс Фергусон. Имал само еден настап во Премиер Лигата за „Црвените ѓаволи“ пред да премине во Норвич Сити.
Во тој период го доживува врвот на својата кариера, каде одигрува над 160 натпревари и дава 18 голови. Исто така има одиграно и 27 натпревари за Ирската репрезентација.
„Да се предадеш на Бог во целост преку прифаќањето на евангелските совети, да се има Бог како пример и покрај слабостите и несовршеностите, да се има доверба во Него, дека со својата милост ќе нѐ преобликува, и да се пренесува радоста на познавањето на Бог на сите со кои се среќаваме. Тоа е за мене идеалот на доминиканскиот живот и една од главните причини со кои ме привлече редот,“ го објасни еднаш Мулрин своето влегување во редот на проповедниците.
Лаудато/к.мк