Егзорцистот Аморт предупреди: Со Халовин се слави ѓаволот

Егзорцистот Аморт предупреди: Со Халовин се слави ѓаволот

Благопокојниот о. Габриел Аморт, ватикански егзорцист кој во повеќе прилики јавно зборувал за службата која ја извршува и за духовни опасности кои не опкружуваат, во едно интервју за италијанските медиуми проговори за опасностите кои се кријат зад прославата на Халовин, односно „Ноќта на вештерките“. Интервјуто го пренесуваме во целост.

„Сметам дека италијанското општество ја губи разборитоста, смислата за живот, разумот и дека сé оди на уште полошо. Славењето на Ноќта на вештерките значи оддавање почит на ѓаволот кој, ако некој му се поклонува, иако само на една ноќ, смета дека го поседува правото на личностите. Затоа да не се чудиме ако на нас ни изгледа дека светот оди кон својот крај, ако истражувањата на психолозите и психијатрите зборуваат за мноштвото вандалски, немирни и вознемирени деца па за опседнати и депресивни момчиња кои размислуваат за самоубиство.” Тоа се зборови од поранешниот егзорцист при Светиот Престол и поранешен претседател на меѓународниот сојуз на егзорцисти, покојниот отец Габриел Аморт.

Морничави маски, наизглед безопасно повикување на духовите не се ништо друго туку оддавање почит на кнезот на овој свет: ѓаволот. „Многу ми е жал што Италија, како и осатокот од Европа, се оддалечува од Господ Исус и му оддава почит на Сатаната”, истакнува во тоа интервју егзорцистот кој смета дека „славењето на Ноќта на вештерките е еден вид духовна средба која се презентира во вид на една игра. Токму овде се наоѓа ѓаволската итрина. Ако подобро размислиме, сé е прикажано во невина, весела форма. Дури ни гревот не е веќе грев во денешниот свет. Сé е маскирано во видот на потребата, слободата и човечкото задоволство. Човекот стана бог на самиот себе, токму тоа што го сака ѓаволот.” Отец Габриел потсети како во многу италијански градови се организира „прослава на светлината” со песни посветени на Господ и со безопасни игри за деца. Таа прослава е вистинска спротивност на прославите на темнината, рече тој.

Отец Аморт, кое е вашето мислење за Халовин?

-Халовин е нешто гадно и ми се гади од него. Се работи за една паганска работа, антихристијанска и антикатоличка која потекнува од северните земји па се проширила по Соединетите Американски Држави. Настојува, а понекогаш во тоа дури и успева, да го стави во втор план и да го засени празникот на Сите Светци кој со радост го славиме на 1 ноември. А како цел на тој празник е да постави пречки за светоста, тоа е идеја на демоните кои настојуваат да ги променат Божјите планови. Халовин е едно паганско славење. Ноќта на вештерките е една демонстрација на непријателската итрина: ѓаволот се обидува да стави плевел помеѓу Бог и човекот, не толку заради непријателството кон човекот, колку поради тоа што сака да го повреди Бог, кој е негова омилена цел, и понекогаш успева во тоа, иако ќе биде засекогаш поразен.

Господине Аморт, но зошто ова славење е толку популарно, посебно меѓу младите?

-Младите ги следат трендовите и ова се случува со голем интензитет во културата и епохата која се дехристијанизира како што е нашата. Повторувам: ѓаволот знае како да делува.

Но зошто родителите им дозволуваат?

-Бидејќи не знаат повеќе како да ги воспитуваат децата, тоа е причината.

Што сакате да кажете со тоа?

-Многу родители се откажуваат од задачата да ги воспитуваат и, под влијанието на модернизацијата, им дозволуваат на децата да прават што тие сакаат. Ми се чини дека овде одговорноста на мајката е многу поголема.

Тоа значи?

-Кога двајцата родители работат, децата растат без сигурно лидерство. Најдобрата форма на контрола е мајчинскиот надзор, но ако таа оди да работи, а многу пати нејзе тоа не и е потребно, децата растат изгубени. Подоцна тоа се одмаздува на родителите кои тогаш плачат пред бунтовните деца.

Битно нет/ Стефанија Ристова

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот