Сведоштво за убавината на Бројаницата

Почнав да молам Бројаница иако никогаш порано не сум се ниту допрела до тоа, секогаш ми висеше на плакарот, искрено повеќе како некој украс и кога ќе ја погледнев си велев:„Колку многу зрнца, јас за тоа немам време“… Иако секогаш имав време, го трошев на некои други работи.

Сѐ додека еден ден повторно не погледнав во неа и во сликата на Исус, ја земав во раце и почнав на интернет да барам како се моли Бројаница.

Почнав да молам, секој ден различно таинство, се молев во својата соба за никој да не ме види и да не ме слушне сѐ додека оддеднаш не се спуштив на подот и цврсто ги прегрнав своите колена и зборував: „Исусе јас те сакам, те сакам, те сакам“ и почнав да плачам, солзите сами течеа и течеа, едвај се смирив, бидејќи се плашев некој од домашните да не ме види и да не ме слушне, сакав тоа да го споделам со себе и Исус. Само знам дека после тоа чувствував неизмерна радост и љубов во своето срце, бидејќи знам дека Исус тогаш беше со мене и колку е убаво да го почувствуваш низ солзите…

Преземено од Духос/Д.И.

За авторот