Свети Иван Павле II за Светата Бројаница

На почетокот на месец мај – месецот на Богородичната Бројаница, мислите од свети Иван Павле можат да ни бидат духовен поттик…

Свети Иван Павле II живеел секогаш во придружба на Пресвета Богородица, Ѕвездата на новата евангелизација, сјајната зора и сигурниот водач на нашето одење.

Познатата побожност кон Блажена Дева Марија и молитвата света Бројаница Папата ја искажал на почетокот од 25-тата година од својот понтификат пред сликата Пресвета Богородица од Бројаницата од маријанското светилиште во Помпеја на плоштадот Свети Петар кога го претстави Апостолскиот поттик „Rosarium Virginis Maria“ (Бројаницата на Дева Марија) и таа година ја прогласи за Година на Светата Бројаница. Посведочи дека Бројаницата му е „најдрага молитва, молитва прекрасна во својата едноставност и длабочина“…

„За заживувањето на молитвата Бројаница да и дадеме поголема актуелност потребно е да додадеме историски околности. Првата е итната потреба од Бог да се измоли дарот на мирот. Моите претходници и јас многу пати ја предлагавме Бројаницата како молитва за мир. На почетокот на третиот милениум кој започна со застрашувачки сцени со нападите на 11 септември 2001 година и во многу делови во светот секојдневно се забележуваат нови крвопролевања и насилства, повторно да ја откриеме Бројаницата значи да се потопиме во размислувањата за таинствата на Христос кој е „нашиот мир, Кој од двата народа направи еден и ја разуши прегрдата, што беше меѓу нив, откако со плотта Своја го уништи непријателството.“ (Ефес 2, 14-15) Слична итна потреба за заземање и молитва се јавува поврзано со другото критично прашање на нашето време: семејството, оргиналната клетка на општеството кое сѐ повеќе е загрозено на идеолошко и практично ниво, со сили чија цел е да се разбие неговата целосност, побудувајќи во нас страв за иднината и за основните и незаменливите институции и заедно со нив и за иднината на целото општество.“

„Размислувањето за Христос има во Марија ненадминлив пример. Лицето на Синот на единствен начин и припаѓа на Марија. Во нејзиното крило се обликувало примајќи од неа исто така човечка сличност која упатува на уште поголема духовна поврзаност. Никој така верно не се посветувал на размислување за Христовото лице како што тоа го правела Марија.“

„Светата Бројаница затоа што поминува низ личното искуство на Марија е контемплативна молитва. Без таа контемплативност би го изгубила своето значење… Ако Литургијата како чин на Христос и Црквата е спасителски чин par excellence, Бројаницата исто така е како медитација е спасителско размислување за Христос со Марија.“

„Светата Бројаница на мистичен начин нè доведува пред Марија која грижливо го следела растењето на Христос во назаретскиот дом. Тоа ја прави способна и нас со иста грижа да нè воспитува и обликува сѐ додека Христос не го обликува во нас.“

„Секој поедничен настан од Христовиот живот како што е опишан во Евангелието блеска Таинството кое го надминува секое знаење (Ефес 3, 19).Тоа Таинство е овоплотеното Слово во кое телесно живее секоја полнота на Божеството.“ (Кол 2,9)

„Светата Бројаница е во служба на тој идеал: нуди „тајна“ како полесно да се влезе подлабоко и посеопфатно да се спознае Христос. Би можеле тоа да го наречеме Маријански пат.“

„Во веќе спомнатото сведоштво од 1978 година за Бројаницата како моја најдрага молитва изразив мислење на кое сакам да се навратам. Тогаш реков дека едноставноста на молитвата Бројаница го означува ритамот на човечкиот живот.“

„По кажувањето на таинството и читањето на Божјото Слово препорачливо е да застанеме некое време и пред да започнеме со усната молитва да го насочиме вниманието на таинството за кое се размислува. Повторно откривање на вредноста на тишината едно од тајните за размислување и медитација. Меѓу недостатоците на општествата во кои владеат технологијата и масовните медиуми е фактот дека станува сѐ потешко да се оствари тишината.“

„Денес сме пред нови предизвици. Зошто повотнро да ја земеме Бројаницата во раце со истата вера на нашите предци?… Ги свртувам очите кон вас браќа и сестри… повотнро земете ја со доверба Бројаницата во раце! Одново откријте ја во светлината на Светото Писмо во согласност со светата Литургија и во атмосфера на своето секојдневие. Нека тој мој повик не остане неуслишан!“

Парохија Блажен Иван павле Втори/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга фо

За авторот