Го прифаќа ли човекот понуденото Божјо пријателство?

Го прифаќа ли човекот понуденото Божјо пријателство?

Денес многу луѓе се присутни на социјалните мрежи, интересно е колку лесно и на интересен начин се воспоставува пријателство на Фејсбук. Пребарувајќи по насловната страница на таа социјална мрежа, може да се наиде на предлози за пријателство. По праќањето барање за пријателство не е потребно многу време за да пристигне известување дека таа и таа личност го прифати пријателството. Таквото Фејсбук искуство може да го принуди човекот да се праша: Дали го прифатив Божјото пријателство? Дали Бог доби од мене известување дека го прифатив неговото пријатeлство?

На разни начини луѓето стапуваат во нови контакти, сретнувајќи многу луѓе во животот и им праќаат барања со желба да ги прифати и да се создаде некоја поврзаност. Значи човекот прима и испраќа барања за пријателство. Но дали некој наслушнува дали можеби Бог му има испратено барање за пријателство? Дали во барањата на човекот постои и името Исус Христос? Дали сакаме со него да се поврзиме? Дали сакаме со него да разговараме?

Кога човекот ќе сфати дека Бог му го подари светот, дека Бог ги создаде луѓето од љубов и за љубов, да се грижат за создаденото, тогаш човекот и ќе посака да биде негов пријател.

Дали треба да се плашиме дека Бог нема да го прифати пријателството? Не, затоа што Бог никогаш не одбива пријателство. Бог му испрати на човекот барање за пријателство веќе во утробата на својата мајка, кога го повика во утробата на мајката. Божјиот копнеж човекот да го прифати пријателството се продлабочи преку Крштението и секогаш одново се продлабочува кога ги дава своите благодати преку Светите Тајни.

Можеби некој во својот живот има заземено став да го стави барањето од Бог за пријателство “на чекање’, така што нема да се отвори за милостите кои му ги дава преку Светите Тајни. Можеби некој мисли кога ќе остари ќе го моли Бог или пак можеби и тогаш ќе се плаши за да не види Бог сè што се случува во неговиот живот.

Бог чека на барањето за пријателство. Бог има многу трпение и никогаш нема да го повлече своето барање. Тој секогаш го чека човекот со раширени раце, како милосрдниот татко од параболата. Треба да застанеме пред самите себе, да застанеме пред Бог и да ги слушаме неговите поттици од Светиот Дух и да согледаме колкав голем копнеж има Бог кон човекот. Тој копнеж и таа љубов се покажа на крстот и во воскресното утро. Време е да возвратиме на таа љубов и да го прифатиме барањето за пријателство од Бог, затоа што тогаш човекот добива сè што му е потребно за животот. Тогаш човекот ќе го има Оној, кој ќе го очисти она што е грдо во животот и ќе му донесе светло како луѓето би светиле еден на друг на тој пат на љубов.

Марио Жигман (гк)/к.мк

Фото: Shutterstock

Категорија: Вера, Духовност

За авторот