Детската болница „Бамбино Џезу“ подготвена да го прими Чарли

Детската болница „Бамбино Џезу“ подготвена да го прими Чарли

По апелот на Папата за малиот Чарли, посредуваше римската болница „Бамбино Џезу“ која изрази подготвеност да го прифати детето кое страда од ретка болест, која британските лекари ја сметаат за неизлечива, подготвени да го исклучат респираторот кој го држи во живот.

Помош исто така понуди и претседателот Трамп и една американска болница.

Откако папата Фрањо изрази надеж, желбата на родителите на Чарли – својот син да го „следат и лекуваат до крај,“ – да не се занемари, болницата „Бамбино Џезу“ на малиот Чарли му ја отвори својата врата. Претседателката на детската болница, Мариела Енок, објави дека од директорот за санитет на болницата, побарала да стапи во контакт со лондонската болница каде што детето е сместено и да провери дали постојат услови за евентуален трансфер на детето во римската болница:

„Знаеме дека случајот е безнадежен – рече – и како што се гледа – нема ефикасна терапија, но како што Папата поттикна во петокот во твитер пораката, треба „да се брани човечкиот живот, посебно кога е погоден од болест, е обврска на љубовта која Бог ја доверува на секој човек.“ „Според зборовите на Светиот Отец, кои се однесуваат на малиот Чарли – објаснува докторката Енок – добро го изразува посланието на болницата „Бамбино Џезу.“

Чарли ги разбранува и САД. „Ако можеме да помогнеме, со задоволството ќе го направиме тоа,“ напиша во твитер пораката претседателот Трамп, одговарајќи на барањето на родителите детето да се подложи на експериментален третман во една американска болница.

Спомнатата болница, која не го откри името, се понуди да преземе грижа за бесплатно лекување на детето. Во истиот контекст, британската премиерка Тереза Меј, рече дека сите нејзини мисли се упатени на Чарли и неговите родители. Во меѓувреме во светот се зголемуваат иницијативите за молитва за Чарли.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот