Папата Фрањо повика на мирно решение на конфликтот во Нагорно-Карабах

Папата Фрањо повика на мирно решение на конфликтот во Нагорно-Карабах

Во средата, 20 септември, папата Фрањо упати апел поради обновените вооружени конфликти во Нагорно-Карабах

Обраќајќи се до ходочасниците кои зборуваат италијански јазик на крајот од редовната Генерална аудиенција во среда, 20 септември, на плоштадот Свети Петар во Ватикан, Папата изрази загриженост за кризата во Нагорно-Карабах.

Вчера слушнав загрижувачки вести за ситуацијата во регионот на Нагорно-Карабах, каде и онака критичната хуманитарна ситуација сега е влошена поради дополнителни вооружени конфликти, рече Папата.

Ги повика двете страни да ги прекинат непријателствата и да бараат мирни решенија за актуелната криза.

Апелирам уште еднаш до сите завојувани страни и до меѓународната заедница, рече папата Фрањо, да го замолчат оружјето и да вложат максимални напори за изнаоѓање мирни решенија за општото добро на луѓето и почитување на човечкото достоинство.

Ситуацијата во Нагорно-Карабах

Во вторник, 19 септември, Азербејџан започна воена операција во областа на Нагорно-Карабах

Министерството за одбрана на Азербејџан ја најави воената операција, нарекувајќи ја „антитерористичка“ акција против континуираните напади на ерменските сили и откако некои азербејџански цивили и полицајци беа убиени во последните денови од експлозии на мини.

Според медиумите, азербејџанската армија веќе го бомбардирала Степанакерт, главниот град на Нагорно-Карабах под контрола на Ерменија, како и други ерменски позиции.

Украина и молитва за Џорџо Наполитано

Говорејќи на крајот од Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар, папата Фрањо потсети и на поранешниот претседател на Италија, Џорџо Наполитано, велејќи: Денеска ве поканувам да бидете во мислите со претседателот Наполитано, кој е во тешка здравствена состојба.

На крајот Светиот Отец додаде молитва за Украина. Да останеме обединети во близината и молитвата за милата и измачена Украина.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот