Папата Фрањо се сретна со патријархот Вартоломеј I во Ватикан

Папата Фрањо се сретна со патријархот Вартоломеј I во Ватикан

Папата Фрањо се состана со екуменскиот патријарх Вартоломеј I – завчера во Ватикан, соопшти прес-службата на Светиот Престол.

Папата Фрањо се сретна со екуменскиот патријарх Вартоломеј I завчера во Ватикан, соопшти Прес-службата на Светиот Престол. Средбата се одржа во братска атмосфера и беше обележана со размена на подароци проследена со заеднички ручек во Домот на Света Марта. По покана на монсињор Семераро, секретар на Кардиналскиот совет, патријархот пред средбата им упати краток поздрав на кардиналите, членовите на Кардиналскиот совет, нагласувајќи ја вредноста на синодалноста во Православната црква и ја гарантираше неговата молитва.

Пред завчерашната средба Светиот Отец на патријархот Вартоломеј I му испрати писмо во кое го објаснува значењето на дарот што неодамна го испрати на Црквата во Цариград, односно неколку парчиња на моштите на Свети Петар сега поставени покрај оние на Свети Андреј. Тоа е гест што се обидува да биде потврда за патот што нашите Цркви го презедоа за да се приближат едни кон други. Реликвијарот кој папата Фрањо го даруваше на екуменскиот патријарх во Цариград содржи 9 парчиња на коски на апостол Петар, кои се дел од поголема група што се чува во ватиканската некропола.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот