Кардинал Балдисери: Папата сака динамична Црква која оди заедно

Кардинал Балдисери: Папата сака динамична Црква која оди заедно

Мислам дека Папата има намера да се врати на замислата на првиот момент, на онаа динамична Црква, жива Црква која оди заедно, рече генералниот секретар на Бискупската синода кардинал Балдисери, коментирајќи ја одлуката на папа Фрањо следната бискупска синода која ќе се одржи во 2022 година да се посвети на синодалноста.Откако е доживеана на бројни синоди, сега самата вредност на синодалноста стана тема на разговор на групата бискупи, на која највисоките претставници на Црквата заедно ќе размислуваат за духовната природа на врската која го поврзува или би требало да го поврзува секој член на црковното тело, на сите нивоа, од Светиот Престол до парохијата во најоддалечената периферија.

Меѓу останатото, токму тоа го кажа Папата, во говорот по повод обележувањето на 50 годишнината да основањето на Бискупската синода, 2015 година, кога рече дека одот на синодалноста е од кој Бог го очекува од Црквата на третиот милениум. Синодалноста, според зборовите на Папата, значи дека треба да бидат вклучени сите крстени; треба да бидат учесници, а не набљудувачи како во театар, сите да се протагонисти, секој во својата улога – рече во разговорот за Ватикан Њуз кардинал Лоренцо Балдисери, генерален секретар на Бискупската синода.

Осврнувајќи се на темата на следната синода, која гласи „Црква и синодалност – заедништво, учество и послание”, кардиналот го истакна говорот на папа Фрањо кој го одржа по повод 50 годишнината од апостолското писмо “Apostolica Sollicitudo”,  со кој папата Павле VI ја основа Бискупската синода, важен говор во кој се истакнува дека синодалноста е составна димензија на Црквата, а тој видик целата Црква ја опфаќа во заедништво, учество и послание. Поради тоа и насловот на следната синода ги содржи токму овие поими – додаде кардиналот.

Поимот “синодален” означува субјективност на сите крстени; се тргнува од крштението. Поради тоа синодата – во погледот на Павле VI,  и посебно на папата Фрањо – има многу пошироко значење од колегијалност. Колегијалност се однесува на сите бискупи, на групата бискупи во кој е и Папата, како Петров наследник, на чело на групата.

Она што сакаме да го истакнеме преку синодалноста – додаде кардинал Балдисери – е тоа дека и сите крстени треба да бидат вклучени, и тие се учесници, односно нема глумци и гледачи како во театар, туку сите се протагонисти. Не е тоа новост, веќе свети Иван Златоуст говори дека Црквата и синодата се со исто значење. Мислам дека поради тоа Папата има намера да се врати на таа замисла на првиот момент, оној за динамичната Црква, за живата Црква која оди, и тоа заедно – истакна кардиналот.

На крајот генералниот секретар на Бискупската синода напомена дека постојат повеќе нивоа на синодалност. Првото ниво е она универзалното, на која се наоѓа Папата, бискупската група, Божјиот народ. Потоа следи посебно ниво, односно она кое се однесува на бискупиите, а во кое се наоѓа бискупот, свештениците,  ѓаконите и Божјиот народ. Парохијата е уште едно ниво, и тука е парохот,  парохискиот совет – напомена кардиналот и додаде – во парохијата се управува со мало онака како што се случува на големо во Црквата. Она што Светиот Отец сака да го истакне, и што често го повторува, потребно е да се оди и да се биде креативен – истакна кардинал Балдисери.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот